20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАУште една причина да се пензионирате во Финска!

Уште една причина да се пензионирате во Финска!

penzioner33

Соработници на финските пошти, освен снабдување на писма и пратки, ќе им ја понудат компанијата на возрасни луѓе кои нема со кого да излезат на прошетка.

Услугата ќе стартува од почетокот на 2017-та година. Секој пензионер ќе може да си нарача за себе или за своите блиски „пријател за прошетка“, кој ќе доаѓа кај него во определеното време еден или два пати неделно.

Секоја прошетка ќе трае од 30 минути до 1 час. Услугата, за жал, е платена. Нејзината цена се движи од 60 до 276 долари месечно, пишува локалното издание „Yle“.

Од поштата прецизираат дека соработниците кои не поминале низ специјална обука, нема да можат да ги придружуваат пензионерите на прошетка.

За вработените кои се подготвени да учествуваат во програмата, е развиен специјален пакет со цел новите знаења во областа на работата со возрасни луѓе, а исто така и тренинзи по физиотерапија.

Поштенските службеници нема да се занимаваат со лекување на пензионерите. Станува збор за укажување на психолошка помош на пензионерите. На постарите лица им се потребни нови луѓе крај себе, интересни предавања и движења, забележуваат локалните власти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП