25 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗMercedes-Benz предложи „паметни светла“ (фото+видео)

Mercedes-Benz предложи „паметни светла“ (фото+видео)

farovi-mece-00

Компанијата Mercedes-Benz разви систем за „паметни светла“, кој може да проектираат на патот секакви знаци и да реагираат брзо при менување на ситуација. Технологијата се нарекува „Digital Light“, а производителот ветува дека таа наскоро ќе се појави и кај сериските автомобили на компанијата.

farovi-mece-01

Во секој од главните фарови се вградени по 1 милион микро огледала, благодарение на кои зракот се разделува на голем број мали пиксели. Тие се управувани од посебен електронски блок, кој е развиен самостојно од „Mercedes-Benz“.

farovi-mece-02

Во реално време компјутер ги анализира постапките на возачот во различни ситуации на автомобиот и информациите служат за командите на електрониката во зависност од сообраќајната програма. Фаровите можат да ја прилагодува осветленоста на секој еден од милионите пиксели, независно еден од друг.

farovi-mece-03

Покрај традиционалните можности за индивидуализирани светла, новата оптика може да проектира на патот најразлични симболи. На пример, растојанието до следната кривина или да го повтори претходно снимениот сообраќаен знак, на тој начин го предупредува возачот за опасноста пред него. Системот, исто така може да освети подвижни пешаци на крајот на патот, без да ги заслепува.

Првите прототипи на „Digital Ligh“ веќе биле тестирани, а потоа ќе бидат прикажани пред публика на специјална манифестација. Кога сепак тие ќе бидат вградени во автомобилите на „Mercedes“, се уште не е јасно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП