19 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗУнгарците направиле милион возила на Audi и 30 милиони мотори

Унгарците направиле милион возила на Audi и 30 милиони мотори

hungaria-audi33

Фабриката на компанијата „Audi“ во Унгарија е отворена во 1998-ма, кога во неа започна да се изработува првата генерација од спортското купе „TT“.

Неполни две децении подоцна, во погонот во Ѓер се прославува значаен јубилеј, од производната лента слезе милионитиот „Audi“.

И додека германскиот производител на автомобили во Унгарија произведува возила цели 18 години, производството на мотори започна неколку години претходно, 1994-та, a до денес се составени дури 30 милиони погонски единици.

„Audi“ соопшти дека јубилејниот автомобил од Ѓер е моделот „TT RS Coupe“ и дека, симболично, во него е вграден 30-милионитиот мотор.

Во рамките на компанијата „Audi Hungaria“ се вработени 11.400 работници, а покрај споменатиот модел, во погонот во Унгарија се произведуваат и „TT Roadster“, „A3 Sedan“ и „A3 Cabriolet“. „Audi“ моментално работи на проширување на фабриката, со цел во неа наскоро да стартува производството на моделот „Q3“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП