20 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИШто нема да добие Samsung Galaxy S8?

Што нема да добие Samsung Galaxy S8?

01-samsung-galaxy-s8

Овие денови во „Weibo“, кинескиот аналог на „Twitter“, се појавија нови детали за следниот предводник на „Samsung“ – „Galaxy S8“, кој ќе биде претставен официјално само за неколку месеци.

Според податоците на изворот, смартфонот нема да биде меѓу првите телефони со 8 GB RAM меморија, тој ќе се задоволи со „скромни“ 6 GB. Истовремено внатрешната меморија ќе биде 256 GB. Според изворот, зголемувањето до 8 GB во моментов е неосновано и непотребно, бидејќи тоа ќе има негативно влијание врз автономната работа.

Потсетуваме дека според кажувањата „Galaxy S8“ ќе добие подобрена камера, 5.5-инчен „Super AMOLED“ дисплеј со резолуција од 4K Ultra HD (3840 x 2160 пиксели) за работа со „VR“ уреди. Екранот ќе го заземе целиот преден панел, а скенерот за отпечатоци ќе биде вграден во него.

Смартфонот ќе работи со 10-нанометри процесори „Qualcomm Snapdragon 830“ и „Exynos 8895“, а кој точно ќе биде во уредот зависи од регионот на продажба. Се споменува уште дека ќе има нов гласовен асистент врз основа на „Viv“, одржување на „NFC“ со „MST“ за платежната услуга „Samsung Pay“.

Претставувањето на „Galaxy S8“ се очекува да биде на 26-ти февруари. Во продажба уредот ќе излезе во март или април 2017-та година. Очекуваната цена е 885 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП