25 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗКако ќе изгледа прифатливиот кинески електричен автомобил (фото)

Како ќе изгледа прифатливиот кинески електричен автомобил (фото)

wm-motors-00

Кинескиот производител „WM Motors“ објави фотографии како ќе изгледаат нивните идни модели на струја, кој како што тврдат, ќе им бидат понудени на купувачите по прифатлива цена.

Еден од факторите кои ја спречуваат масовната продажба на автомобили со електричен погон е и нивната реално висока пазарна цена.

wm-motors-01

Кинеската компанија „WM (Weltmesiter) Motors“, која е основана во 2015-та година, засега не ги открива тајните како ќе постигнат нивните модели на струја да бидат ценовно прифатливи за поширок спектар на купувачи, но покажа како ќе изгледаат возилата.

Според информациите во план се четири модели – „MPV“, „SUV“, караван со елементи на кросовер и лимузина.

wm-motors-02

Компанијата во ноември во Кина започна изградба на фабрика вредна милијарда долари, која би требало да биде готова во 2018-та, за кога е најавен и стартот на производството на првиот од четирите модели. По еден нов модел ќе се воведува во производство секоја следна година.

Врз основа на првите фотографии може да се види дека моделите ќе имаат модерен дизајн и дека стилски се исти.

wm-motors-03

Инаку, „WM Motors“ ја основаше Фриман Шин, некогашниот претседател на компанијата „Volvo China“. Шин имаше клучна улога при превземањето на компанијата „Volvo Cars“ oд страна на производителот на автомобили „Geely“ во 2010-та година.

wm-motors-04

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП