Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 7,595.80 0.62%    BESK 11,000.07 -0.92%    KMB 2,800.00 -0.01%    MKSD 232.00 0%    MPT 28,032.26 -0.95%    OHB 5,367.09 -1.52%    REPL 52,500.00 -0.23%    RZLV 45.00 0%    RZUS 129.00 1.57%    SBT 2,180.00 -2.64%    STB 940.91 -0.33%    STBP 680.00 0%    TEL 274.50 0.92%    TNB 13,300.00 -1.48%    TTK 828.00 0.12%    

Tip of the week: Сериозно сфаќање на работите!

Време: 19:58

Датум: декември 1, 2016

Категорија: КОЛУМНИ

Untitled-1

Каков оксиморон е животот?! Пред неколку неделни совети, пишував за тоа како не треба работите да ги сфаќаме сериозно, а сега пишувам за тоа како треба работите да ги сфаќаме сериозно. Во суштина, веројатно, тоа е и мудроста на живеењето, на работењето. Да знаеш кога треба, а кога не треба да се сфати некоја работа (толку) сериозно.

За краток период ми се случија две многу чудни ситуации со услуга во два скопски „извикани” кафе-ресторани. Во едниот ресторан, девојката прво не знаеше што има на менито, два пати нарачувавме нешто што немаше на менито, но најинтересно беше кога (чисто едукативно) ѝ посочив дека е добро да знае што имаат, таа ми одговори дека нејзината улога е „да ни донесе” што треба. Се почувствува доза на гордост и задоволство дека со одговорот што ни го даде, не е крива во ситуацијата. Во другиот, пак, случај, додека ние се договаравме и не знаевме што сакаме да порачаме, келнерот седеше на страна и тивко се нервираше. А, кога му порачавме некоја комбинација на две јадења, се збуни и не услови „ве молам покажете ми кое е тоа јадење во менито”. Моравме да покажеме во менито со прст со цел тој да ја направи нарачката.

И сето ова, во суштина, е проблем, бидејќи самите келнери, а најмногу нивните газди, не ја сфаќаат сериозно и не даваат доволно внимание на улогата „келнер”. Доколку тие ја сфатеа својата работа посериозно, ќе постапеа поинаку:

  • Едукација – газдата или келнерите мораат да поминат некоја едукација (тренинг) со цел да ги научат основите на нивните бизниси, задолженија. Интересно е дека кај нас, генерално газдите на угостителските дуќани не се обучени или едуцирани за водење на таков бизнис, а згора на тоа ниту сакаат да се едуцираат. А во однос на персоналот, ретко може да се види дека некој инвестира во нивниот развој. Водењето на кафуле или ресторан е на исто ниво како и да водите каква било фирма/компанија. Правилата на игра се исти.
  • Познавање на производот – продавачот во кои било бизнис мора да го познава производот и сите негови предности, користи и недостатоци. Не може да не се знае што има на менито.
  • Одговорности – сигурен сум дека газдата не дал некои напишани работни задачи, но сигурен сум дека не сакал неговиот персонал да биде само носач на производите. Сигурен сум дека келнерите се свесни оти треба да му помогнат на купувачот, дека треба да му посочат доколку е неодлучен, да му го направат позитивно неговото искуство кај нив.
  • Деталност – одење на кафе или во ресторан, не е само кафето или јадењето. Целото искуство коешто ќе го понесе клиентот со себе е она што ќе го натера повторно да дојде. Изглед на локалот, услугата, производите, начинот на сервирање, квалитетот, иновативноста, амбиентот, тоалетот, светлото… сè е тоа дел од искуството.
  • Иницијативност – наместо да стои на страна и да се лути, келнерот може да ја преземе работата во свои раце и да нè води низ процесот, со цел полесно да се одлучиме.
  • Бакшиш – на крај се расправавме дали да им дадеме бакшиш или не. Ако не им дадеме, ќе фрлаат отрови на нас, ако им дадеме, нема да научат дека така не се заслужува бакшиш!

 

Еден мој пријател, долгогодишен успешен угостител вели, „до кога ќе се задоволуваме со боранија во угостителството?! Мора нешто да промениме сите ние самите, за да се очекуваат некакви позитивни резултати”.

Да си ја сфатиме сите посериозно работата, а и да направиме колку можеме, секој од свој аспект, да го подигнеме нивото во угостителството во МК.

 

Со успех во промените,

Петар Лазаров

Член на тимот

МАКЕДОНИЈА-ЕКСПОРТ Консалтинг

www.macedonia-consulting.com

www.macedonia-export.com

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Tip of the week: Балансирање на очекувањата

    Tip of the week: Балансирање на очекувањата

    Станавме општество во кое очекувањата се високи, но ајде што се високи, туку сакаме работите да ни се случуваат многу брзо. Тоа е најмногу видливо…

  • КОЛУМНА: Децата, родителите и спортот – М-р Раде Чоловиќ

    КОЛУМНА: Децата, родителите и спортот – М-р Раде Чоловиќ

    Јас, како и многу родители (ако не и сите), ги насочував децата од мали кон тоа да тренираат спорт, да учат некој странски јазик,  да…

  • КОЛУМНА: Регионална соработка – М-р Раде Чоловиќ

    КОЛУМНА: Регионална соработка – М-р Раде Чоловиќ

    Македонија главната трговија ја врши по копнен пат, со камионски превоз. Железничкиот транспорт на роба е многу мал. Главно пристаниште за увоз и извоз на…

  • Tip of the week: Површни луѓе

    Tip of the week: Површни луѓе

    Јас не знам човек што сака да збори или дружи со површни луѓе? Но знам многу кои би поминале повеќе време со луѓе со вредности,…

  • КОЛУМНА: Ѕидот на љубовта во Скопје – М-р Раде Чоловиќ

    КОЛУМНА: Ѕидот на љубовта во Скопје – М-р Раде Чоловиќ

    Во ова наше Скопје човек не може да не биде добро информиран, треба само да се погледнат ѕидовите на зградите. Од таму ќе разберете кој…

  • “Приказни од булеварот” за дигитализацијата: Станавме робови на дигитализирани чувства, на разговор со слики и на кикотења на нереални работи

    “Приказни од булеварот” за дигитализацијата: Станавме робови на дигитализирани чувства, на разговор со слики и на кикотења на нереални работи

    Популарниот фејсбук профил “Приказни од булеварот” излезе со интересна споредба на времето пред дигитализацијата и времето на дигитализацијата и социјалните мрежи: “Забораивме да разговараме ко луѓе.…

  • Tip of the week: Целта ги оправдува средствата!

    Tip of the week: Целта ги оправдува средствата!

    На сите ни е добро позната девизата „целта ги оправдува средствата”. Но, што значи во суштина тоа? Дали значи дека, мене ми е дозволено да…

  • Tip of the week: Каков БРЕНД си ти?!

    Tip of the week: Каков БРЕНД си ти?!

    Ова прашање може да го разгледуваме од 2 аспекта: каков бренд е твојата компанија (производ, услуга) или каков бренд си ти лично!? Бренд и брендирање…

  • Tip of the week: Помош

    Tip of the week: Помош

    Подоцна или порано, во текот на животот, сфаќаме дека да се побара ПОМОШ не е страшна работа. Но, не е проблемот во тоа, туку има…

  • Tip of the week: Затоа што сите така прават!

    Tip of the week: Затоа што сите така прават!

    Зошто поминуваш среде улица, а не на пешачки?! – Затоа што сите така прават! Зошто не ги изми садовите во канцеларија?! – Затоа што сите…