28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКабинетот на Трамп може да биде побогат од 100 земји!

Кабинетот на Трамп може да биде побогат од 100 земји!

ros-tramp3

Ако министрите од идниот кабинет на новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп го обединат своето богатство, сумата ќе го надмине бруто домашниот производ (БДП) за 2015-та година на 100 земји, коментира „Quartz“.

Општото богатство од 35 милијарди долари на 23-те членови на кабинетот, кој ветува дека ќе ја штити работничката класа, е големо колку БДП-то на Демократска Република Конго, со население од 77,2 милиони луѓе.

Бројките, објавени од „Politico“, се доста шпекулативни и се базираат на тврдењата на самиот Трамп за неговото богатство. Но ако поверуваме дека неговото богатство изнесува над 10 милијарди долари (поради неговото одбивање да ги претстави своите даночни декларации може никогаш да не се дознае колку точно е) и го комбинираме со износот од 5,1 милијарди долари, со кое се фали семејството на новиот министер за образование Бетси ДеВос, вкупното богатство на двајцата веќе е повеќе од БДП-то на 79 земји почнувајќи со Мозамбик со население од 28 милиони луѓе.

Ако го додадеме богатството од 14,9 милијарди долари на нафтениот „барон“ Харолд Хам – советник на Трамп и веројатен министер за енергетика, како и 2,9-те милијарди долари на потенцијалниот кандидат за комерцијални работи и „Кралот на банкротот“ Вилбур Рос, цифрата е 32,2 милијарди долари или БДП-то на островската држава Бахреин кој е богата со нафта.

Кога ќе ги додадеме релативно „празните“ банкарски салда на водечките конкуренти за државен секретар – Мит Ромни (230 милиони долари за 2012-та година) и Руди Џулијани (за кој се смета дека поседува десетици милиони долари), работите почнуваат да изгледаат како олигархија, коментира весникот.

ros-tramp4

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП