19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИШефот на Fiat: Трамп ја менува целата игра

Шефот на Fiat: Трамп ја менува целата игра

markione-fiatt2

Изборот на Доналд Трамп може да ги промени самите правила на игра во автомобилската индустрија, коментира Серџо Маркионе пред „Bloomberg“. Главниот извршен директор на групата „Fiat-Chrysler“ најмногу „главоболки“ има од расположението на идниот американски претседател против слободната трговија.

Уште за време на кампањата Трамп се закани да воведе 35% царина за сите компании кои го извезуваат своето производство од САД кон други земји. Тоа влијае во најголем степен на големата американска автомобилска тројка – „GM“, „Ford“ и „Chrysler“, кои имаат вкупно 10 фабрики во соседно Мексико. Вкупните инвестициите во автомобилскиот сектор во Мексико надминуваат 24 милијарди долари во последните 5 години.

Ако Трамп го исполни ветувањето да го преиспита северноамериканскиот трговски договор (NAFTA), тоа ќе е „огромен проблем“, коментира Маркионе. „FCA“ се потпира на северноамериканскиот пазар поради солидните приходи. 17% од автомобилите на компанијата се произведуваат во Мексико.

Парадоксално, изборот на Трамп доведе до поскапување на акциите на некои автомобилски компании, вклучувајќи и на „Fiat-Chrysler“. Причината е во одлуката на новоизбраниот претседател да назначи утврден скептик кон глобалното затоплување за шеф на еколошкиот тим. Берзите го протолкуваа ова како вовед кон олабавување на еколошките стандарди за автомобилите што ќе биде од корист најмногу на оние компании кои уште се потпираат главно на конвенционалните мотори. Акциите на „Fiat“ поскапеа за 14% од изборите, па наваму.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП