19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРизиците растат: На еврозоната и се заканува опасност

Ризиците растат: На еврозоната и се заканува опасност

145465295058371312dd7e2559727147_w640

Глобалните пазари се соочени со растечка нестабилност поради политичките неизвесности предизвикани со изборот на Доналд Трамп за американски претседател.

Неизвесноста е поттикната и со изборите во клучните европски држави кои се одржуваат во 2017 година, предупреди Европската централна банка (ЕЦБ).

„Ризиците по пазарот за глобални активи се интензивирани, делумно поради политичката неизвесност и очекуваната промена на политиката во САД“, се наведува во извештајот на ЕЦБ за финансиската стабилност, пренесува агенцијата Франс прес.

Изненадувачката победа на Трамп на претседателсите избори ги доведе во прашање идните насоки на американската економска политика, посебно поради ставот на Трамп за договорите за слободна трговија, наведува ЕЦБ.

„Никој не може со сигурност да каже колкав ќе биде степенот на промени во политиката на САД“, изјави потпретседателот на ЕЦБ, Витор Констанцио пред новинарите.

„Доколку следи рунда на протекционизам, тоа би предизвикало реакции во другите држави во вид на контрамерки, што е многу ризичен курс во соработката кога светската трговија ионака е слаба“, додаде тој.

Еврозоната, како што предупредува ЕЦБ, особено би била изложена на ефектите од таквите мерки.

Таа банкарска институција, исто така, укажа и на зголемена политичка неизвесност во развиените економии, алудирајќи на Германија и Франција каде догодина се одржуваат избори.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП