16 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФранција побара мерки за земјите кои не го применуваат договорот за климата

Франција побара мерки за земјите кои не го применуваат договорот за климата

klima388

Европа треба да воведе мерки за земјите кои не го применуваат договорот за заштита на климата, повика францускиот премиер Мануел Валс.

Слична позиција изрази пред неколку дена и поранешниот претседател на Франција, Никола Саркози, кој најави дека ќе се бори за нов мандат на чело на земјата, потсетуваат агенциите.

Саркози инсистира ЕУ да наметне строги мерки за САД, ако Доналд Трамп го исполни ветувањето и ја повлече земјата од Договорот. Неговото барање сепак се сретна со акутен отпор од страна на Германија и Европската комисија (ЕК).

Во мандатот на Барак Обама, САД го ратификуваше Договорот, кој предвидува намалување на емисиите на штетни гасови. Тоа беше договорено во француската престолнина во крајот на 2015-та година и влезе во сила во почетокот на ноември. Во програмата на новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп сепак е запишано развој на американската економија благодарение на ефтината енергија од јагленот, шкрилците и нафтата.

На овој начин европскиот бизнис, кој треба да се сообразува со барањата за заштита на животната средина, ќе биде ставен во неповолна позиција. Од таа причина и Мануел Валс повика за воведување мерки против државите кои не го поддржуваат Договорот.

Францускиот претседател Франсоа Оланд веќе изјави дека ќе се обиде да го убеди Трамп дека договорот е во интерес на американскиот народ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП