19 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАСамо што се вработивте? Ова се одлични совети за вас!

Само што се вработивте? Ова се одлични совети за вас!

3378152

Истраживте со што детално се занимава компанијата, добро се подготвивте, ги поминавте сите кругови на селекција и ете ве на новото работно место.

Приспособувањето на новата работа носи предизвици, на кои треба да бидете подготвени. Во прилог ви претставуваме неколку совети за оние кои штотуку се вработиле.

Дојдете навреме, па дури и малку порано. Испланирајте алтернативен пат до работа во случај на сообраќаен метеж или на друг застој.

Добро проучете се што ви е однапред дадено да прочитате, како кодекс на етика, облекување и пополнете ги сите формулари што ви се дадени, без оддолжување. Распрашајте се однапред како ќе ви изгледа првиот работен ден.

Не стегајте се да прашувате. Барем првите денови сите сакаат да бидат од помош, бидејќи така се чувствуваат подобро. Затоа, нема потреба сами да се снаоѓате. Доколку одбиете помош, сметајте дека на оние што сте ги одбиле ќе им биде непријатно и дека веројатно нема да сакаат да ви помогнат кога ќе побарате. Секако, не треба да им досадувате на колегите за она што веќе го знаете и можете сами да го завршите.

Пронајдете заеднички теми, но не барајте најдобар пријател. На работа сте дошле да работите. Никого не го интересира вашето детство, фотографиите од младоста, болест, страдања, љубовни проблеми и останати содржини од вашиот приватен живот. Секој има свој живот, свои проблеми, свои цели. Подобро кажете некоја досетка. Пријателството се создава со години, а не преку ноќ.

Почитувајте го личниот простор на другите. Не сакаат сите луѓе непотребни допири, гушкање. Се има своја граница што не треба да ја преминете.

Бидете пристојни. На работа, состанок, разговор, во каква било ситуација од вас се очекува да ги почитувате правилата и нормите што ја дефинираат пристојноста. Вашата пристојност најверојатно никој нема да ја забележи, затоа што тоа се очекува од вас, но затоа и најмалата грешка сите добро ќе ја запаметат.

Бидете во тек со случувањата на работното место. Важно е да внимавате на она што се зборува на работа. На тој начин можете да добиете идеален увид за работната динамика на претпријатието, карактеристиките на колегите. Уште поважно е да не учествувате во озборувањата и да не ги создавате.

Не обидувајте се ништо да промените на почетокот, но и не потценувајте се поради тоа што сте нови, па можете да внесете малку свежина, нови идеи, енергија и иницијатива.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП