19 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗVolvo негира дека развива луксузна класа

Volvo негира дека развива луксузна класа

Volvo Universe 303

Овие денови во јавноста се појавија информации дека „Volvo“ развива елитен модел кој би се сместил во луксузната класа и на тој начин би конкурирал на „Audi A8“, „BMW Seriа 7“ и „Mercedes S-klasа“.

Меѓутоа извршниот директор на компанијата, Хакан Самуелсон ги негираше овие гласини.

„Немаме никакви амбиции да произведуваме сегмент каде мораме да се натпреваруваме со возила кои имаат V8 и V12 мотори. Неверуваме дека тоа би можело да се совпадне со имиџот на нашата компанија“

За можноста за доаѓање на луксузната класа на „Volvo“ се дозна откако во јавноста се појавија информациите дека шефот Гелји Ли Шуфу вршел притисок во компанијата да развијат таков модел. Но поранешниот извршен директор на шведскиот автомобилски гигант, Штефан Јакоби го одби таквиот план, а новиот директор очигледно се сложува со мислењето на својот претходник.

Од друга страна „Volvo“ го прифати планот заедно со Гејли да развијат нова модуларна платформа на која ќе се базирани автомобилите од „С“-сегментот и која ќе биде помала од „SPA“ (Scalable Platform Architecture) платформата со која „Volvo“ моментално располага.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП