28 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИАкциите на оваа компанија поскапеа за 1500% за неколку денови

Акциите на оваа компанија поскапеа за 1500% за неколку денови

dryships-sells

Акциите на една компанија поскапеле за 1500% по 8-ми ноември. Да, можно е, но можеби само во Америка на Доналд Трамп.

„DryShips Inc.“ поседува танкери кои превезуваат железна руда, јаглен и др. суровини, а исто така и нафтени платформи преку своја сестринска фирма. Акциите на компанијата се тргуваа со скромните 4.56 долари за акција на денот пред изборите. Вчера тие го затворија денот со вредост од 73 долари за готово.

Растот на акциите доаѓа од најдобрите финансиски резултати на компанијата за третиот квартал, затворањето на кратки позиции, како и растот од повеќе од 20 отсто на „Baltic Dry Index“ кој е индикатор со кој се мери дневната цена за превоз на товар.

Покрај победата на Трамп на претседателските избори, позитивните ставови на инвеститорите доаѓаат и од напорите на кинеските власти за стимулирање на економијата на земјата. И можеби сепак оптимизмот во акциите на „DryShips“, а и на другите компании од секторот (повеќето, додале по над 100% во последните денови), е повеќе од висок. За споредба, акциите на компаниите кои превезуваат нафта и нафтени деривати, како што е „Frontline“, се намалиле за 50% по изборите во САД.

Тимоти Сајкс, кој главно се занимава со пени-акции, но освен тоа спроведува и онлајн курсеви за трговија, изјави дека доста од компаниите во секторот остваруваат значителен раст по изборот на Трамп. Тој ги посочува „Sino-Global Shipping America Ltd.“, „Globus Maritime Ltd.“, „Diana Containerships Inc.“ и „Euroseas Ltd.“, кои додале по над 110% во последните 10 дена.

Сајкс сепак смета дека тоа не може да трае долго, сметајќи дека во следните денови акциите на овие компании ќе поевтинат значително. Според него „DryShips“ може да загуби 50% од вредноста во деновите што доаѓаат, па дури и повеќе.

Вчера акциите на „DryShip“ беа привремено запрени од трговија. Од „efdailynews“ пишуваат дека компанијата остварила неколку повратните сплитови во текот на изминатата година, има големи обврски и веројатноста за прогласување на банкрот во моментов е доста голем.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП