Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 7,301.12 -0.29%    FERS 59,000.00 5.34%    KMB 2,698.87 0.16%    MPT 27,000.00 0%    REPL 54,101.00 -0.06%    TPLF 1,530.00 0.22%    TTK 800.12 0.02%    

Интервју со м-р Лазе Камчев- Главен Извршен Директор на КД Фондови

Време: 09:57

Датум: ноември 17, 2016

Категорија: ИНТЕРВЈУ

kamcev

Инвестициските фондови обезбедуваат профитабилност, сигурност и ликвидност

  1. Живееме во време кога сме соочени со најразлични предизвици. Тоа честопати не спречува да размислуваме за својата иднина, за иднината на своите деца, воопшто и да не размислуваме за долгорочно планирање на финансиските текови, независно дали се тоа лични или компаниски. Работите во сектор кој нуди квалитетни решенија за оплодување на средствата. Објаснете ни ги предностите на инвестиционите фондови?

Грижата за сопствената и иднината на нашето семејство е еден од врвните приоритети на секој поединец. Ние сме овде да го најдеме најсоодветното решение кое ќе ги задоволи потребите на нашите клиенти, независно од инвестицискиот преференции и класите на финансиски инструменти.

Предностите на инвестициските фондови се професионалното управување на средствата со акцент на основните начела на профитабилност, сигурност и ликвидност. Преку вложување во инвестициски фондови парите се доверуваат на искусни фонд менаџери кои ги вложуваат на домашниот и меѓународниот пазар на капитал. Преку различните инвестициски фондови се има поголема можност за избор кои ги задоволуваат различните потреби т.е. инвестициски стратегии.

Вложувањата во инвестициските фондови може да бидат еднократно, но може да бидат и месечни. Она што е особено важно да се напомене е дека за вложување не се потребни огромни средства.

  1. Дали ова значи дека апсолутно не постојат никакви ризици доколку некој се реши својата заштеда да ја вложи во еден ваков фонд?

Инвестициските фондови се едни од најрегулираните финансиски институции генерално земено. Во Македонија поради интегративните процеси кои ги води државата, законодавството во тој дел е скоро изедначено со законодавството во ЕУ. Помеѓу инвеститорите и фондовите се наоѓа и депозитарната банка која за потребите на фондот врши работи на чување на имотот на фондот.

Депозитарната банка на инвестицискиот фонд ги чува средствата на инвестицискиот фонд и контролира дали инвестицискиот фонд располага со средствата на фондот во согласност со законот и со статутот на фондот.

  1. Како би ја оцениле сликата на теренот, постои ли воопшто навика на инвестирање во инвестициони фондови, кои се тенденциите кај нас?

Целата индустрија кај нас е релативно млада, постои помалку од десет години. Навиката за инвестирање е сеуште мала во споредба со традиционалното штедење, но бројките  укажуваат на постепено континуирано зголемен на интерес за инвестирање. Луѓето се повеќе ја прифаќаат долгорочноста во насока на креирање одредена заштеда за подолг временски период притоа користејќи ги предностите од вложувањето во пазарот на капитал.

Денес преку континуирани месечни уплати може да се направи план за вложување.

laze

  1. Ќе можете ли подетaлно да ни го објасните процесот на инвестирање во инвестиционите фондови, како тој функционира?

Процесот на инвестирање е многу едноставен. Најпрвен на клиентот му се отвора сметка во фондот во кој што сака да инвестира. Се утврдува дали ќе уплаќа еднократно или континуирано во одреден временски период. Дополнително му се даваат инструкции за уплата на сметката на фондот во банката чувар на имотот. По извршената уплата на паричните средсва клиентот се стекнува со удели. Уделите имаат пресметковна вредност преку која се изразува промената на цената.

  1. Дали би можеле да направиме една паралела на културата на вложување во инвестициони фондови кај нас и оние во странство?

Нема простор за паралела. Во странство нивото на културата на вложување е далеку повисоко во однос на тоа што го имаме како ниво во Македонија.  Кај нас сеуште е премногу присутен традиционалниот начин на однос кон заштедите. Луѓето сеуште тешко ги идентификуаат предностите од вложувањето во фондови. 

  1. Дали е подобро да се вложи во банка или во акции?

Јас повеќе би рекол дали е подобро да се вложи во паричен или акциски фонд.

Се зависи од целта која сакаме да ја постигнеме. Поголем принос се остварува преку вложување во акциски фондови и тоа на подолг времениски рок. Повеќе од пет години.

Додека сите оние пари кои би ни биле потребни во период од неколку месеци подобро да се вложат во паричен фонд. На тој начин ќе се исклучи можноста за корекција на вредноста.

  1. Имаме производ наречен “Кеш депозит” кој навистина нуди исклучителни можности за компаниите. Дали можете нешто повеќе за ова да ни кажете?

Паричниот фонд КД Кеш депозит е финансиски продукт кој се карактеризира со конзервативна политика на вложување. Согласно структурата на вложување на паричниот фонд кој го управуваме, најголемиот дел од средства се пласирани во банкарски депозити. Тоа на некој начин ги прави еквивалент на банкарските депозити.

Со пласирање на средства во паричен фонд се остварува постојан и стабилен дневен пораст на средствата. Овој фонд е наменети за управување со обртните парични средства, оние пари кои ги имаме на сметка, не ни се вишок т.е. ни требаат за идни обврски кои доспеваат во рок од неколку дена или недели.

Начинот на функционирање овозможува  достапност до вложените средства во секое време, како и принос кој се припишува на дневно ниво и е значајно повисок од приносот на средствата чувани на трансакциска сметка. Поради овие карактеристики се најсоодветно место за парите во рок до една година.

  1. Што е со средствата инвестирани во фондовите. Дали тие може да се повлечат, можете ли да не информирате нешто повеќе за ова?

Средствата во фондот се уплаќаат и исплаќаат без ограничување. Тие им се достапни на инвеститорите во било кое време. Во секој момент кога ќе им бидат потребни, инвеститорите поднесуваат барање за исплата и клиентот во рок од еден работен ден ги има парите на сметка без било какви ограничувања.

  1. Какви се искуствата со клиентите? И за кого се наменети инвестициските фондови?

Инвестициските фондови се наменети подеднакво и за физички и за правни лица.

Паричните фондови се пред се наменети за вложување на средтсва за рок пократок од една година, додека, со оглед на инвестициските цели и политика, акциските фондовите првенствено се наменети за вложувачи со среднорочен или долгорочен вложувачки хоризонт и умерен степен на толеранција кон ризикот, кои сакаат да постигнат специфични инвестициски цели, диверзифицирајќи го своето портфолио на глобално ниво преку вложувања во големи, добро етаблирани компании кои се лидери во соодветните индустрии и зад себе имаат константна или растечка историја на исплата на дивиденда кон инвеститорите.

КД Фондови во моментот управува со 4 инвестициски фондови, најмногу во Македонија. Сите тие се карактеризираат со различни портфолија на вложување. Тоа значи дека преку комбинирање на тие фондови, можеме да се искреира структура на вложување за секаков профил на инвеститор.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Интервју со Мери Каровска, сопственик на Каровска ДООЕЛ

    Интервју со Мери Каровска, сопственик на Каровска ДООЕЛ

    Денар: г-ѓа Каровска, која е основата дејност на  Каровска ДООЕЛ, кои услуги ги нудите? -Каровска ДООЕЛ е Друштво за економско сметководствени услуги и даночно советување…

  • Интервју со Предраг Милошевски, член на управниот одбор на КБ Прво пензиско друштво АД Скопје

    Интервју со Предраг Милошевски, член на управниот одбор на КБ Прво пензиско друштво АД Скопје

    Помладите со мал износ можат да заштедат значајна сума за нивните пензионерски денови “Финансиската култура и планирањето на финансиите на нашите граѓани сѐ уште не…

  • Интервју со Соња Шмуц, генерален менаџер на Словенечката стопанска и индустриска комора

    Интервју со Соња Шмуц, генерален менаџер на Словенечката стопанска и индустриска комора

    “Единствените граници со кои треба да се справиме се оние во нашиот ум!” Денар:Ве молиме кажете ни нешто за себе и за почетоците на вашата…

  • Интервју со Радмила Чобанова Василевска, Директор за контрола на квалитет во Битолска Млекара

    Интервју со Радмила Чобанова Василевска, Директор за контрола на квалитет во Битолска Млекара

    Денар: Поводот за ова интервју е Меѓународниот ден на квалитет, кој секоја година се одбележува во месец ноември. Во оваа насока, што сѐ презема Битолска…

  • Интервју со г. Мурат Јуксел, кантри маркетинг директор на Рамсторе Македонија

    Интервју со г. Мурат Јуксел, кантри маркетинг директор на Рамсторе Македонија

    Секогаш се трудиме да ги надминеме потребите и очекувањата на нашите потрошувачи! Денар: Зошто Рамсторе е прв избор на потрошувачите? За време на нашето дванаесетгодишно…

  • Интервју со Димитар Богов – гувернер на Народната банка на Република Македонија

    Интервју со Димитар Богов – гувернер на Народната банка на Република Македонија

    Денар: Како ја оценувате макроекономската состојба во Македонија? Макроекономската состојба во Македонија во првата половина на 2017-та година во голема мера беше под влијание на политичката…

  • Интервју со Коста Костадиновски, извршен директор на Илирика

    Интервју со Коста Костадиновски, извршен директор на Илирика

    Илирика како врвна финансиска институција нуди високо ниво на инвестициски услуги кои покрај разните предизвици секогаш е доследна во своите стратегии кои резултираат со долгорочни…

  • Интервју со Олга Дервенџи – Менаџер за лизинг на Skopje City Mall

    Интервју со Олга Дервенџи – Менаџер за лизинг на Skopje City Mall

    Денар: Skopje City Mall е нашиот најголем трговски центар, чија работа и функционирање мора постојано да ја следите. Како се справувате со оваа задача, односно…

  • Интервју со Дарко Панчевски – претставник од маркетинг секторот на Skopje City Mall

    Интервју со Дарко Панчевски – претставник од маркетинг секторот на Skopje City Mall

    Денар: Овој месец Skopje City Mall слави 5 години постоење и за овие неколку години успеа да се позиционира како лидер на пазарот. Што е…

  • Интервју со Валентина Николовска – менаџер за комерцијализација на Skopje City Mall

    Интервју со Валентина Николовска – менаџер за комерцијализација на Skopje City Mall

    Задоволните и лојални клиенти се нашиот најголем успех и сатисфакција Skopje City Mall е првиот современ трговски центар во Македонија кој утре слави 5 години…