24 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРА3 златни правила како да заштедите на крајот на месецот

3 златни правила како да заштедите на крајот на месецот

usteda-pix

Сајтот Bright Side проучил три навистина добри начини за планирање на буџетот и распределба на трошоците така што на крајот од месецот навистина ќе заштедите.

1. Метода „50/30/20“

Погоднo за оние кои имаат тековни примања но не успеваат ништо да заштедат.

50 проценти од платата – основни месечни трошоци (сметки, храна, превоз)

30 проценти од платата – помалку важни но неопходни работи (тв приклучок, интернет, облека).

20 проценти – за иднината (заштеда, неочекувани трошоци, подароци).

2. Едноставна метода

За оние кои не сакаат себеси стриктно да се ограничуваат

Поделете го вашиот буџет на два дела:

Постојани трошоци (сметки, трошоци за стан, храна)

И се останато (забава и останато без кое не би можеле – ресторани, кафулиња, кино, концерти).

3. Метода „Дозволени неделни трошоци“

За оние кои неочекувано остануваат без пари неколку дена пред платата и за оние кои сакаат да заштедат.

Пресметајте колку од месечниот буџет сакате да потрошите и колку сакате да заштедите. Поделете ги износите на 4 недели и дадете си на себеси неделна „дозвола“ колку можете да потрошите од планираните пари на се што сакате.

Месечното надминување на лимитот не е дозволено.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП