23 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРезултатите од извештајот “Одржлива енергија: до каде е Македонија во последните пет...

Резултатите од извештајот “Одржлива енергија: до каде е Македонија во последните пет години?

sol

Напредок – иако нерамномерен – има во насока на зголемување на одржливоста во енергетскиот сектор во Југоисточна Европа, се вели во новиот извештај објавен од група на граѓански организации. Вкупните емисии на CO2, загубите на електрична енергија и енергетскиот интензитет се намалени во повеќето земји во регионот, но е направен незначителен напредок во зголемувањето на учеството на сончевата и енергијата од ветерот во вкупното производство на електрична енергија како и кај борбата против корупцијата.

Извештајот е достапен на: http://www.analyticamk.org/images/Files/South-East-Europe-Energy-Watchdog-Report-2016_5a272.pdf

Листата на резултати, што опфаќа седум земји и споредување на податоците од 2010 и 2014/2015, има за цел да ги дополни Извештаите на Европската комисија за напредокот – кои веќе беа објавени. Извештајот не се однесува само на усвојувањето на легислативата туку и на испитување на конкретните промени направени во текот на изминатите пет години.

Меѓу наодите за Македонија се:

  • Косово е најзависната земја од јаглен во регионот, со 97% од електричната енергија произведена од јаглен во 2014 година, а потоа следуваат Македонија и Србија на второто и третото место, со 69,5% и 64,8%. За споредба, ЕУ генерирала 26,3% од електричната енергија од јаглен во 2014 година.
  • Македонија сепак произвела 14 GWh од фотоволтаици во 2014 година, со што е на второто место во регионот веднаш зад Хрватска, но сепак искористила само занемарлив дел од својот огромен потенцијал.
  • Македонија ги намали загубите во пренос и дистрибуција од 20,22% во 2010 година на 16,5% во 2015 година.
  • Исто така го намалила енергетскиот интензитет помеѓу 2010 и 2014 година, 0,31-0,26 toe/долари 1000, во споредба со 0,09 во ЕУ.
  • Во периодот 2010-2015 сите земји освен Македонија и Албанија ги подобрија своите резултати во Индексот на перцепција на корупцијата на Транспаренси Интернешнл – но само малку.

“Разочарувачки е да се види дека и покрај големиот интерес од инвеститорите, се’ уште има премалку енергија од ветер и кровни соларни панели во регионот. Сите држави имаат поставено цели за обновливи извори на енергија кои мора да се исполнат до 2020 година и соларната и ветерната се дел од овие извори на енергија, кои се’ уште може да се зголемат до тогаш ако има политичка волја.„, заклучи Соња Ристеска од Аналитика тинк тенк, Македонија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП