29 март, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИFacebook по грешка многумина прогласи мртви, па и самиот Цукерберг

Facebook по грешка многумина прогласи мртви, па и самиот Цукерберг

facebook-sign-89

Најголемата социјална мрежа во светот Facebook во петокот по забуна го прогласи мртов и својот основач Марк Цукерберг, како и многу други корисници, а откако го реши проблемот призна дека се случила „страшна грешка“.

„Денеска во кус период пораките за профилите со посмртници по грешка се поставени на други сметки. Тоа е катастрофална грешка и сега ја исправивме“, изјави за AFP портпаролот на Facebook.

Според медиумските извештаи, околу два милиона заталкани објави за смрт на некоја личност се нашле на страниците на профилот.

Дури и на профилот на основачот и извршниот директор на Facebook, Марк Цукерберг, се појави порака во која се изразува надеж дека „оние коишто го сакале ќе најдат утеха во постовите кои ги споделуваат во чест на неговото живеење“.

Социјалната мрежа многу брзо се извини и соопшти дека работи на тоа што поскоро да биде надмине проблемот.

Имено, станува збор за необичен вирус кој накусо многу луѓе ги означил како починати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП