28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманците ќе го издржат и Трамп и Брегзит

Германците ќе го издржат и Трамп и Брегзит

3390869775825b4eb9504c918432201_w640

Глобалните економски движења поврзани се со неизвесности по изборите во САД и Бегзит, но краткорочно гледано германската економија нема да почувствува големи последици, соопшти денес германскoто Министерство за економија.

„Глобалната економска клима e карактеризирана со неизвесност по Брегзит и резултатите на изборите во САД. Меѓутоа, не се очекува негативно влијание краткорочно, од денешка точка на гледиштето, соопшти Министерството.

Во извештајот се наведува дека се очекува умерен раст на германската економија во третиот квартал.

Реториката на протекционизам на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп и неговата изненадувачка победа на изборите во САД ги шокираше германските политичари и бизнисмени.

САД се најголемиот извозен пазар за Германија со околу 10 проценти прекумерен извоз.

Германските компании минатата година и продадоа на Америка стока во вредност од 114 милијарди евра – повеќето автомобили, машини и хемиски производи.

Германскиот институт IFO соопшти дека повеќе од милион работни места се поврзани со овој извоз, што би можело да се намали доколку Трамп ја реализира својата протекционистичка реторика.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП