28 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПадна добивката на италијанската UniCredit банка за 12 проценти

Падна добивката на италијанската UniCredit банка за 12 проценти

Italy's largest bank UniCredit is pictured in downtown Milan September 12, 2013. REUTERS/Stefano Rellandini ( ITALY - Tags: BUSINESS)

Профитот на најголемата италијанска банка, „UniCredit“, падна во третиот квартал за 12 проценти поради намалувањето на приходите под притисок на тврдокорно ниските камати.

Нето добивката на банката во три месеци заклучно со 30 септември опадна на 447 милиони евра од 507 милиони евра од истиот период минатата година, пренесува агенцијата АП.

Вкупните приходи на банката, сепак, благо пораснаа на 5,5 милијарди евра, благодарение пред се на поголемите приходи по основ на тргување кои делумно ги неутрализираа ниските приходи од каматните стапки и провизијата.

Нето приходите од каматата паднаа за 2,6 проценти, на 2,9 милијарди евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП