20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИОИЛКО КДА Скопје оствари позитивни резултати за периодот од девет месеци од...

ОИЛКО КДА Скопје оствари позитивни резултати за периодот од девет месеци од годинава

oilko

Во периодот Јануари – Септември 2016 година Друштвото оствари оперативни приходи во висина од 303,2 милиони денари и оперативни расходи од 241,9 милиони денари при што оствари добивка пред оданочување од 61,3 милиони денари.

-во периодот Јануари – Септември 2016 година нема промени во сметководствените политики и методи на вреднување на позициите во неревидираните финансиски извештаи на Друштвото;

– во извештајниот период Друштвото прикажа добивка пред оданочување во висина од 61,3 милиони денари, односно добивка по оданочување од 54,7 милиони денари што преставува зголемување од 21% во однос на минатата година кога во истиот период Друштвото оствари добивка од 45,2 милиони денари. Ваквиот резултат се должи на зголемените приходи од продажба на странски пазар како и на намалените оперативни расходи од 3% на што најмногу влијае намалувањето на амортизацијата за 38%. Исто така намалени се и финансиските расходи како резултат на намалените расходи за камати.

– во овој период Друштвото изврши исплата на дивиденда во висина од 15.055.380 денари во бруто износ односно 60 денари по една акција во бруто износ;

– согласно политиката на развој на Друштвото постојано се врши зановување на возниот парк со нови возила така да во овој период набавени се четири влекачи како и два камиони за превоз на плински боци а се очекува да пристигнат и нарачаните четири полуприколки;

– Друштвото нема обврски по земени кредити;

Финансискиот извештај можете да го погледнете тука.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП