Новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп важи за еден од најбогатите лидери во светот, тврди магазинот Форбс.
Трамп секако спаѓа во редот на најбогатите светски претседатели со нето богатство кое изнесува 3.7 милијарди долари, покажа истражувањето на „Forbes“.
Трамп за претседателската кампања дал седум милиони долари сопствени пари, а позајмил уште 48 милиони, а останатите средства ги добил од донации.
Воедно, републиканецот е и прв милијардер од 1996 година кој се кандидирал за претседтаел на САД (тогаш кандидат беше Рос Перот постариот). Трамп на медиумите им рекол дека минатата година инкасирал 694 милиони долари чист профит.
Новозбраниот претседтаел на САД поседува луксузни недвижнини, пред се во Њујорк. Овие недвижнини му носат профит кој се мери во стотици милиони долари
Трамп, покрај десетици илјади квадрати станбен простор и канцеларии, поседува право на земјиште на најлуксузни локации во Њујорк за кои платил закуп кој важи до 2082 година. Од изнајмување на тој простор секоја година инкасира милиони.