Вкупната пазарна вредност на обврзниците ширум светот е намалена за 337 милијарди долари во само еден ден.
Победата на Доналд Трамп на претседателските избори во САД ја подгреа загриженоста дека неговиот план за поттикнување на економскиот раст ќе доведе до скок на инфацијата, јавува Блумберг.
Во изминатите три дена, пазарната вредност на глобалните обврзници се „лизна“ за 692 милијарди долари, според податоците на американската банка „Bank of America Merrill Lynch“.
„Обврзниците моментално се во извесни проблеми“, изјави трговецот Бара Шеридан од Банката „Montreal“ во Лондон, додавајќи дека постои загриженост дека Трамп ќе сака да троши повеќе пари.