19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИОдлични резултати на МАКПЕТРОЛ АД Скопје за периодот јануари-септември 2016

Одлични резултати на МАКПЕТРОЛ АД Скопје за периодот јануари-септември 2016

mak

МАКПЕТРОЛ АД Скопје го задржа континуитетот на остварување добивка од 2015 година и во извештајниот период јануари-септември 2016 година го подобри остварениот деветмесечен финансиски резултат од претходната година за цели 462,7 милиони денари и продолжи да ја зголемува продажбата на енергенси на мало и тоа за 10%. Истовремено ја зголеми и книговодствената вредност на акцијата на 542,1 €.

Во периодот jануари – септември 2016 година нема промени во сметководствените политики и во методите на вреднување на позициите во неревидираните финансиски извештаи на Друштвото

Во извештајниот период од 2016 година, МАКПЕТРОЛ АД Скопје оствари добивка пред оданочување во висина од 333,1 милиони денари, односно добивка по оданочување во висина од 292,6 милиони денари, за разлика од минатата година, кога за истиот извештаен период, Друштвото има остварено загуба во износ од 129,5 милиони денари. Истовремено, добивката на Друштвото во секој квартал поединечно се зголемуваше со динамика којашто е прикажана во следниов графикон:

mmm

Во овој период, МАКПЕТРОЛ АД Скопје оствари вкупен приход во износ од 12,2 милијарди денари кој е помал од минатогодишниот за 1,8 милијарди денари или 13,1 и.п.

Ваквото намалување на приходите се должи исклучително на намалувањето на цените на дериватите во однос на истиот период од минатата година бидејќи, истовремено, физичкиот обем на продажба на стоки и на услуги на „Макпетрол“ АД Скопје е зголемен.

Во истиот период, остварени се вкупни расходи во висина од 11,9 милијарди денари што преставува намалување во однос на минатата година за 2,2 милијарди денари или 15,9 и.п., во што најголем удел повторно има намалувањето на цените на дериватите. Потребно е да се истакне дека набавната вредност на стоките со коишто тргува Друштвото изнесува 10,4 милијарди денари во 2016 година и учествува со приближно 85% во искажаните вкупни приходи и расходи и е намалена за 16,6 и.п. во однос на 2015 г., кога изнесувала 12,5 милијарди денари.

Најголемо влијание во прикажаната добивка имаат следниве елементи:

1. Зголемување на остварената продажба на енергенси, особено продажбата на деривати во малопродажбата, којашто е и основна дејност на Друштвото, со што е зголемен и пазарниот удел на Друштвото. Во извештајниот период, Друштвото успеа да ја надмине минатогодишната рекордна продажба на нафтени деривати за цели 10%, односно за 16.195 тони.

maa

2. Намалени расходи од камати и од курсни разлики во однос на минатата година за 24%, во прв ред поради задржување на трендот на намалување на кредитната задолженост на Друштвото спрема банките;

3. Зголемени приходи од вложувања, камати и од курсни разлики во однос на минатата година за 57%;

4. Зголемени приходи од промет со останати стоки на МАКПЕТРОЛ за 15% и зголемена маржа од промет со истите за 20% и тоа доминантно на бензинските станици;

5. Намалени трошоци на суровини и на други материјали за 65%.

Во однос на финансискиот резултат прикажан според принципот на ЕБИТДА, „Макпетрол“ АД Скопје прикажа добивка во висина од 567,5 милиони денари, за разлика од минатата година кога за истиот извештаен период, Друштвото има остварено добивка во износ од 128,5 милиони денари што претставува подобрување на финансискиот резултат за 439 милиони денари, што е прикажано во следнава табела:

mbb

-Во овој период, Друштвото не исплати дивиденда, а остварената добивка според Годишната сметка за 2015 година, согласно со донесената одлука на Собранието на акционери, ја намени за покривање на загубата од минатите години. Меѓутоа, ако се земат предвид остварените резултати во извештајниот период од 2016 година, станува очигледно дека се создаваат услови за усвојување одлука за исплата на дивидeнда во наредната година;

-Политиката на Друштвото да инвестира во нови бензински станици и во реконструкција на постојните се остваруваше и во овој период, при што е пуштена во работа новата бензинска станица Пинтија, понатаму, во поодмината фаза е изградбата на бензинските станици Вевчани и Ќојлија, а се врши, или е веќе завршена, реконструкција на повеќе бензински станици. Вкупната вредност на инвестиционите вложувања во извештајниот период го надминува износот од 200 милиони денари;

-Друштвото, во извештајниот период, вработило 89 лица;

-Билансната кредитната задолженост на Друштвото вo однос на состојбата со 30.9.2015 год. е намалена за 134,2 милиони денари или за 8,7%;

-Друштвото, за време на деловното работење во севкупниот извештаен период, во ниту еден момент не дошло во ситуација да има достасани, а ненамирени обврски по кој било основ (кредити, обврски спрема набавувачи, јавни давачки и плати на вработени);

-Остварувањето на планот на финансискиот резултат е надминато за цели 62%. Очекувањата за претстојниот период се движат во насока на определено зголемување на добивката поради што се очекува истата, на ниво на целата година, да биде дополнително зголемена во согласност со сезонските влијанија. Во однос на билансната кредитна изложеност со состојба на крајот од 2016 година се очекува намалување на истата во однос на состојбата на крајот на 2015 година за околу 500 милиони денар

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП