19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБез струја делови на Кисела Вода, Шуто Оризари, Огњанци, Шишево…

Без струја делови на Кисела Вода, Шуто Оризари, Огњанци, Шишево…

%d1%81%d1%82%d1%80%d1%83%d1%98%d0%b000

Дел од корисниците од селата Шишево и Семениште денес од 8:30 до 15 часот ќе останат без напојување со електрична енергија.

Во периодот од 8:30 до 16 часот, без струја ќе бидат и корисниците од улицата бр. „1“ во село Огњанци, од 9 до 12:30 часот, корисниците од улицата „Ефтим Спространов“ во општина Кисела Вода, а од 10 до 12 часот корисниците од улицата „Индира Ганди“ од број 90 до број 140 во општина Шуто Оризари.

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето се електрична енергија е изведувањето технички зафати во електро-мрежата од страна на екипите на ЕВН Македонија АД.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП