20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНа Волстрит и во Европа скок на индексите по победата на Трамп

На Волстрит и во Европа скок на индексите по победата на Трамп

volstrit-bik

На њујоршки Волстрит, како и на главните европски берзи, берзанските индекси скокнаа во средата за повеќе од 1 отсто, по големиот пресврт во кој ги надоместија првичните остри загуби предизвикани со победата на Доналд Трамп на американските претседателски избори.

На европските берзи, по почетниот пад, цените на акциите во средата пораснаа. Така лондонскиот FTSE индекс зајакна за 1,0 отсто, на 6.911 поени, додека франкфуртскиот индекс DAX скокна за 1,56 отсто, на 10.646 поени, а парискиот CAC индекс се зголеми за 1,49 отсто, на 4.543 индексни поени.

На њујоршки Волстрит индексот Dow Jones скокна за 1,40 отсто, на 18.589 поени, додека индексот S&P 500 порасна за 1,11 отсто, на 2.163 поени, а Nasdaq индексот се зголеми за 1,11 отсто, на 5.251 поен.

Почетокот на средата не навестуваше таков развој на настаните бидејќи рано утрото, по неочекуваната победа на Доналд Трамп во трката за Белата куќа, терминскиот S&P 500 индексот падна 5 отсто.

Финансиските пазари беа шокирани од победата на Доналд Трамп, бидејќи ја поддржуваат Хилари Клинтон, којашто ја сметаа за политичарка на статуск-квото, додека сметаа дека победата на њујоршкиот магнат на недвижнините мое да предизвика несигурност во сферите на внатрешната, надворешната и економската политика. Меѓутоа, подоцна загубите терминските индекси беа ублажени, бидејќи пораките на Трамп беа балансирани, што ги поттикна надежите дека неговата остра реторика била само дел од предизборната кампања.

На крајот сите поважни индекси на Волстрит завршија го завршија трговскиот ден со добивка поголема од 1 отсто, а најмногу пораснаа цените на акциите во секторите коишто се сметаат дека ќе профитираат од победата на Трамп.

Така, во здравствениот сектор цените просечно се зголемија за повеќе од 3 отсто, бидејќи по победата на Трамп помалку е веројатно дека САД ќе ја менуваат практиката за одредување на цените на лековите. Клинтон, имено, во предизборната кампања тврдеше дека цените на чековите се превисоки и дека би требало даб бидат коригирани.

За повеќе од 3 отсто скокнаа и цените на акциите во финансискиот сектор, бидејќи Трамп во предизборната кампања најави попуштање на рестрикциите за банките.

Од друга страна, пак, цените во секторот недвижнини во средата паднаа за 2,3 отсто, додека во комуналниот сектор за повеќе од 3 проценти.

На смирувањето на пазарите укажува и пад на VIX индексот на „стравот“ Чикашката берза на опции за 23 отсто, што е негов најголем дневен пад од јуни годинава. Во средата рано утрото овој индекс скокна за 40 отсто. Падот на VIX индексот покажува дека вложувачите помалку ги осигуруваат своите портфељи од можно натамошно паѓање на цените на акциите.

Освен големите осцилации на индексите, на бурното тргување укажува и големиот обем на размена на хартиите од вредност. На американските берзи во средата сопствениците ги сменија 11,7 милијарди акции, додека просечниот дневен обем во последните 20 дена изнесуваше 7 милијарди акции.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП