28 март, 2024
ПочетнаКОЛУМНИTip of the week: Како да кажеш НЕ!

Tip of the week: Како да кажеш НЕ!

Untitled-1

Дали сте почувствувале некогаш, дека не ви се доволни 24 ч. на ден?! Често знаеме да си кажеме дека ни фалат барем уште неколку часа, бидејќи едноставно не ни останува време да ги завршиме сите обврски на време. Без оглед дали станува збор за приватни или за професионални обврски.

Во овој период, буквално така се чувствувам. Сè некако ми фали уште малку време за да си ги завршам обврските. Сфатив дека, колку повеќе ги сработувам обврските, толку повеќе немам време. Доколку тоа ви се случува во континуитет и се чувствувате дека не може да излезете од тој магичен круг, значи дека нешто мора да се промени. Во спротивно, реперкусиите можат да бидат повеќедимензионални. Не само што негативно ќе се одразат на квалитетот и ефикасноста на извршување на задачите, туку и на нас самите – во вид на стрес, фрустрации, помалку слободно време за себеси и за работите што уживаме да ги правиме.

Ако се пронајдовте во оваа ситуација и често ви се случува, тоа значи дека е време да поработите на вашето „менаџирање на време”, т.е. на ваша подобра организација за времето. Бидејќи знаете дека концептот „менаџирање на време” не постои, туку станува збор за „нашето менаџирање” во расположливото време. Во секој случај, во овој неделен совет не ми е идејата да ги обработам сите аспекти како да си го “менаџирате времето“ подобро, туку да одвојам само еден фактор којшто влијае за нашата подобра организација.

Во суштина, тоа е и еден од најголемите проблеми што во овој период, мене лично ми влијае на мојата дезорганизираност. Кажување НЕ! Од самоанализата што ја направив, увидов дека мојот најголем проблем е што на сè викам ДА. Често кажуваме ДА, бидејќи мислиме дека нема да ни треба толку време или дека нема да биде тешко да направиме некоја работа, или од незгодност, за помагање, или од некој страв итн. НЕ е тешко да се каже и поради тоа што нас од мали не учат, со цел да бидеме прифатени (од родителите, фамилијата, соседите, другарите, наставничките и др.) дека треба да кажуваме ДА.

Но, во секој случај, што и да е причината, со цел да бидеме подобри во извршување на своите задачи (цели), а и за наше психичко здравје, мора да научиме да кажуваме и НЕ.

Техники како да се кажува повеќе НЕ:

  • 0 техника: доколку се чувствувате во континуитет така, тоа значи дека сте влезени во магичниот круг. Прво, мора да сфатите дека за да излезете мора да се случи радикална промена. Тоа значи дека нема да ви е убаво во процесот. Некогаш ќе треба да се откажете од некоја работа што многу ви се допаѓа или сте емотивно поврзани.
  • 1 техника: научете да викате НЕ – еден фантастичен начин како да вежбате за да кажете НЕ е како што направила Стефи, еден цел ден викала на сè НЕ. Е, сега, така ќе пропуштите и многу убави можности, но барем ќе го вежбате чувството како е да се откачите од нешто што го сакате.
  • 2 техника: приоритетност – на нешто мора да се каже не. Наведете ги сите проекти (активности) и направете листа на најважните. Оние за кои се двоумите, испитајте која, колку ви допринесува за остварување на краткорочните, а потоа долгорочните цели.
  • 3 техника: почитување на сопственото време – доколку ние самите не си го почитуваме времето, тогаш не може да очекуваме дека ќе го почитуваме и времето на другите или, пак, другите да го почитуваат нашето време. Кога ќе се двоумите дали да прифатите, размислете – дали би правел нешто што во моментов ми е лично покорисно.
  • 4 техника: почитување на сопствениот буџет – доколку правите работи што не ви се профитабилни, а на штета на тоа не се фокусирате на профитабилните активности, размислете пред да кажете ДА. Дали ми се потребни пари во моментов и дали ДА активноста ќе ми донесе пари?!
  • 5 техника: вршење притисок – доколку некој ве притиска, воопшто да не се плашите да кажете НЕ (ако така сте оцениле дека ви е подобро). Бидејќи, доколку тие се доволно непристојни да не го почитуваат вашето време и приоритети, можете и вие да вратите со иста мера и да стоите на своето НЕ.

Е сега, тенка е границата помеѓу следење на личните мотиви/верувања и користејќи ги нив како оправдувања, да се биде себичен и некорисен за општо добро.

 

Со успех во промените,

Петар Лазаров

Член на тимот

МАКЕДОНИЈА-ЕКСПОРТ Консалтинг

www.macedonia-consulting.com

www.macedonia-export.com

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП