23 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПрвиот тест за Трамп!

Првиот тест за Трамп!

1109706847582351edcfb6b950059011_w640

Денешната аукција на 10-годишни американски државни обврзници, во вредност од 23 милијарди долари, ќе биде првиот тест на глобалниот интерес за американскиот долг под раководство на новиот претседател Доналд Трамп, јавува њујоршката агенција Блумберг.

„Аукцијата може да биде проследена со најниската регистрирана побарувачка од финансиската криза, поради загриженоста на инвеститорите по повод надворешно-политичката агенда на Трамп“, изјави генералниот директор на брокерската куќа Sеаport Global Holdings, Том ди Галома.

„Ова има потенцијал да биде многу слаба аукција. Луѓето чувствуваат дека постои неверојатна количина на неизвесност на пазарите, а кога постои неизвесност, луѓето се повлекуваат“, изјави тој.

САД, исто така, денес, ќе продаде и 30-годишни обврзници „тешки“ 15 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП