20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИМакедонијатурист АД Скопје со добивка од 1,5 милиони евра заклучно третиот квартал

Македонијатурист АД Скопје со добивка од 1,5 милиони евра заклучно третиот квартал

mt

Со работењето Друштвото деветте месеци од 2016 година од пружените хотелски и ресторански услуги како основна дејност како и од други споредни дејности оствари позитивен финансиски резултат со бруто добивка од 100,51 мил. денари која е за 12% помала во однос на истиот период од претходната 2015 година или нето добивка 90,59 мил. денари која е за 12% помала од истиот период во минатата година, како резултат на бавно заздравување на економијата на земјата од глобалната економска состојба на ограничени усови на работење на економиите во земјите од ЕУ, кое секако има последици по севкупното работење и во нашата економија.

Вкупните приходи до 30.09.2016 год. изнесуваат 279,03 мил. денари и се остварени со 93% во однос на истиот период од претходната година, истите се намалени за 7% во споредба минатата 2015 година, додека вкупните трошоци од редовното работење до 30.09.2016 год. изнесуваат 178,52 мил. денари и се намалени за 5% во однос на истиот период од 2015 година.

Притоа останатите финансиски показатели како што се степенот на финансиска сигурност, степенот на самофинансирање и општата ликвидност се на доста високо ниво.

Со оглед на фактот дека Друштвото работеше во услови на нелојална конкуренција на пазарот и под влијание од глобалната економска состојба на ограничени услови на работење на економиите во земјите од ЕУ кое секако има последици по севкупното работење и во нашата економијата, а кое се одрази и врз остварените финансиски резултати од работењето на Друштвото во девете месеци од тековната 2016 година. Имајќи го во предвид напред изнесеното остварените резултати се задоволителни.

Во наредното трето тромесечие од 2016 год. Менаџметот на Друштвото ќе настојува да го подобри резултатот од работење во однос на минатата година.

Сметководствени политики и методи на вреднување

Во период од 01.01-30.09.2016 година нема промени во сметководствените политики и методи на вреднување на позициите во ревидираните финансиските извештаи на Македонијатурист АД – Скопје.

Дивиденда

На 13.04.2016 година на Годишното собрание на акционерите на Друштвото е одобрена пресметка и исплата на бруто дивиденда за 2015 година во износ од 84.200.641денари. Дивидендата за 2015 година е исплатена во законски определениот рок.

Обврски по кредити

Македонијатурист АД Скопје нема обврски по кредитии нема промени во нови кредитни задолжувања.

Инвестиции

“Македонијатурист“ АД Скопје во текот на шесте месеци од 2016 направи нови вложувања во износ од 635.012 денари, во одржување на своите објекти и набавка на опрема. Своите идни инвестициони активности Друштвото во континуитет ги насочува кон реновирање и модернизација на постојните хотелски и ресторански капацитети, за веќе комплетно реновираните објекти, инвестиционите вложувања, во помал обем ќе се насочуваат претежно кон подобрување на условите за работа, спроведување на нови законски регулативи и задолжително спроведување на нови стандарди за брендираните хотели и тековно одржување. Во извештајниот период Друштвото изврши продажба на недвижност и тоа градежниот објект Ресторан Македонија во Катланово за износ од 10.885.500 денари и отпис на неотпишана сегашна вредност на градежниот објект заедно со постројки и опрема во износ од 2.284.751 денари.

Вложувања во хартии од вредност расположиви за продажба

“Македонијатурист“ АД Скопје во извештајниот период изврши нови вложувања во хартии од вредност со купување на обични акции кај други правни лица во Р.Македонија кои котираат на Македонска берза за хартии од вредност во вкупен износ од 10.051.000 денари и тоа купени се 4.347 обични акции од правното лице ”Комерцијална Банка” АД Скопје.

Планирани активности

Планираните активности на “Македонијатурист“ АД Скопје во 2016 год. се во согласност со сите законски регулативи, како и со стратегијата за развој на Друштвото. Тоа значи дека работењето на Друштвото се заснова на претходно предвидени активности со кои навреме се настојува и понатака да се реагира на сите промени во окружувањето. Поради фактот што основната дејност на Друштвото е хотелиерство и угостителство, основните активности на Друштвото се насочени кон подобро искористување на хотелските капацитети, кај објектите кај кои постои можност за тоа, и намалување на непродуктивните трошоци. Во таа насока да се делува на зголемување на остварениот промет и рационализација на трошоците во однос на претходната година, со цел да се утврдат причините и доколку постои можност да се делува на нив, како би се намалиле евентуално настанатите негативни отстапувања во наредниот период од 2016 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП