23 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАIBM развива нов и подобар колектор од сегашните

IBM развива нов и подобар колектор од сегашните

ibmm

Сончевите зраци остануваат еден од еколошките и изобилни извори на енергија. Човештвото се уште не пронашолo доволно ефикасни начини да профитираат од нив.

Група компании и научници, предводена од IBM, е на пат тоа да го промени преку својот нов пронајдок. Тие се во процес на создавање на нов тип сончев колектор, кој ќе може да генерира многу повеќе енергија отколку сегашните колектори, без да има ризик од прегревање.

Стотиците чипови ќе се ладат со вода преку систем од микроканали. На овој начин тие ќе можат да апсорбираат 2000 пати повеќе соларна енергија во споредба со истите температури на сегашните чипови. Системот за ладење во реалноста ќе овозможува и 5000 пати поголема концентрација без посебни ризици.

Во процесот на ладењето на водата таа ќе може да се филтрира и прочистува, за да е погодна за пиење. Алтернативна опција е да се користи и за клима-уредите.

Од IBM имаат доста големи амбиции за новиот развој. Компанијата предвидува дека еден колектор ќе може да произведува 25kW енергија.

Ако успее да ги исполни и плановите за намалување на производните трошоци, централа со бројни такви колектори ќе може да се користи како за замена на електроцентралите со јаглен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП