29 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗVulcano, италијански хибрид со 950 KS

Vulcano, италијански хибрид со 950 KS

icona-vulcano-1

„Icona Vulcano“ е представен на саемот во Шангај со што конечно заврши чекањето на овој долго најавуван супер-автомобил со мотор на предната страна.

Станува збор за модел на италијанската дизајнерска куќа „Icona“, кој ќе биде достапен со две различни конфигурации на хибридни мотори.

icona-vulcano-3

Првата конфигурација е наречена „H-Turismo“ и се состои од 6.0-литарски V12 мотор во комбинација со електричен агрегат од 160 KS, за вкупни 950 KS, кои се распоредуваат на задните тркала.

Втората е наречена „H-Compretizione“ и има помал V6 агрегат со два турбо компресори и еден пар електричен мотор и погон на сите четири тркала на кои се респределуваат 870 KS. Оваа конфигурација веќе е тестирана на рели моделот „Lancia 037“ и притоа прикажа импресивни резултати.

icona-vulcano-4

Кога станува збор за перформансите на асфалтот, работите изгледаат многу ветувачки дури и за модел кој тежи помеѓу 1590 и 1630 килограми, па така до „стотка“ забрзува за 2.9 секунди, додека максималната брзина е до 350 km/h.

Со својот изглед „Vulcano“ потсетува на комбинација на „Ferrari F12/599“, „Lexusa LF-A“, а видливи се и одредени елементи на „Corvette“. Сепак конечниот резултат навистина е за пофалба.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП