19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИБританците незадоволни заради намалувањето на грамажата на Тоблероне

Британците незадоволни заради намалувањето на грамажата на Тоблероне

toblerone

Произведувачот на швајцарското чоколадо Тоблероне ги зголеми растојанијата меѓу добро познатите триаголници на оваа чоколада, со цел да ја намали тежината и да ги задржи пониските цени во некои дисконти во Велика Британија, што наиде на негодување кај љубителите на ова чоколадо.

Мултинационалната компанија Mondelez International, сопственик на Тоблероне, соопшти дека целта на ова мерка е да се исполнат барањата на британските дисконтни малопродажни куќи и дека нема никаква врска со одлуката на Британија да ја напушти Европската унија.

Иако е наведено дека нема никаква врска со Brexit, британските малопродажни прехранбени синџири се соочуваат со зголемување на цените на увозните производи заради слабеењето на британската фунта по референдумот во јули.

Портпаролката на Mondelez рече дека ќе биде намалено чоколадото од 170 грама што се продава во дисконтите во Британија, на 150 грама. Познатото чоколадо Тоблероне од 100 грама не е опфатено со ова промена.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП