28 март, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИНови проблеми за Samsung! Cе запалил смартфон од серијата Ј

Нови проблеми за Samsung! Cе запалил смартфон од серијата Ј

j5unbox

Корисничка на смартфон на „Samsung“ во Франција тврди дека нејзиниот „Galaxy J5“ се запалил во неделата, пренесува „Bloomberg“. Моделот е различен од „Galaxy Note 7“, кој беше повлечен од целиот свет поради слични проблеми, пишува „Bloomberg“.

Лами Буирдан тврди дека забележала дека телефонот и е многу топол, откако го замолила нејзиниот 4-годишен син да и го донесе. Таа тврди дека го фрлила телефонот кога сфатила дека телефонот е надуен, а од него излегувал чад.

„Во паника, кога го видов чадот и рефлексно ми беше да го фрла“, коментира Буирдан, мајка на три деца, која живее во францускиот град По.

Потоа телефонот се запалил, a партнерот на Буирдан го изгаснал.

Жената тврди дека го купила телефонот минатиот јуни од сајт кој нуди попусти.

Од своја страна, неодамна јужнокорејската компанија повлече милиони смартфони „Galaxy Note 7“ поради проблеми со батериите, кои се загреваат премногу и се палат.

Вилијам Софега, аналитичар на „IDC“, тврди дека инцидентот во Франција, најверојатно е изолиран случај, посочувајќи дека телефонот е на пазарот веќе неколку месеци и ова е прв случај во кој се зборува за палење на батеријата.

Според него проблемите кои ги вклучуваат литиум-јонски батерии, не се случуваат само кај смартфоните, но и кај лаптопите и ги има со години, но нема лесен начин за справување со нив. Дефекти при производството или дури и мали оштетувања можат да доведат до проблеми кои ја тераат батеријата да се прегрее и потенцијално да се запали.

Од „Samsung“ изјави дека не може да коментира за случајот, бидејќи се уште не го испитале. Според зборовите на компанијата проблемите со „Galaxy Note 7“ се изолиран случај само за овој модел.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП