Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 5,840.86 0.69%    GRNT 759.67 0.49%    INEK 600.00 0%    KMB 2,600.00 -0.07%    MPT 28,000.00 0%    OHB 5,100.00 0%    OKTA 2,678.00 3%    STB 896.09 -0.12%    STBP 750.00 0.27%    TNB 10,799.85 0%    TPLF 1,365.00 0%    UNI 1,821.38 1.19%    

Диета која го намалува холестеролот

Време: 12:59

Датум: ноември 8, 2016

Категорија: ДИЕТИ

1984363193581f3a06b3e21152182617_v4-big

TLC режимот на исхрана ги елиминира килограмите и лошите масти во крвта. Овој план на исхрана подразбира што повеќе консумирање на овошје, зеленчук, интегрални житарки и бело месо.

Покрај тоа што оваа диета го намалува нивото на лошиот холестерол во крвта за осум до 10 проценти, таа исто така го намалува и ризикот од појавата на срцеви болести. Овој начин на исхрана им се препорачува и на оние со предиспозиции за добивање на дијабетес тип 2, бидејќи придонесува за намалување на инсулинот во крвта.

При TLC режимот за исхрана би требало да консумирате непреработени или намирници кои не се премногу преработени. Црвеното месо и месните преработки комплетно исфрлете ги, а немасто нив консумирајте мисиркино месо, пилешко месо и риба. Секој ден би требало да јадете намирници кои содржат протеини, а во текот на неделата дозволено е да изедете најмногу две јајца. Сирењето, млекото и останатите производи се дозволени, додека маргаринот не доаѓа во предвид. Се препорачува консумацијата на зеленчук богат со влакна како што е гравот, грашокот, леќата, со цел килограмите да се стопат.

Со цел TLC режимот за исхрана да има целосен ефект ви се советува и некаков спорт, танцување или секојдневно вежбање во времетраење од половина час.

 

Пример мени

 

Прв ден

Појадок: мусли од цело зрно со немасно млеко и чаша свежо цеден сок од портокал

Ужинка: една крушка

Ручек: 100 гр грилувано пилешко месо со кафеав ориз и салата од домати

Ужинка: шака индиски ореви

Вечера: салата од туна

 

Втор ден

Појадок: смути од банана и шолја нискомаслено млеко

Ужинка: јаболко

Ручек: порција грашок

Ужинка: шака несолени бадеми

Вечера: салата од домати и маслинки

 

Трет ден

Појадок: кришка леб од цело зрно, намачкана со путер, краставица и ливче кашкавал

Ужинка: шака пуканки

Ручек: порција риба со зеленчук подготвена на пареа

Ужинка: чаша кефир

Вечера: порција грчка салата

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • 5-дневна овошна летна диета

    5-дневна овошна летна диета

    Во летото значително ја намалуваме употребата на тешките намирници. За да ни е некако полесно на желудникот, најдобро е да го нагласуваме овошјето и зеленчукот…

  • Двопек диета – за сите љубители на лебот

    Двопек диета – за сите љубители на лебот

    Двопек диетата се спроведува со големо количесто на природно цеден сок и чај преку целиот ден. По петиот ден правите пауза два дена, а во…

  • Диета погодна за љубителите на риба

    Диета погодна за љубителите на риба

    Рибата е богата со протеини, таа е нискокалорична и лесно сварлива храна. Бескрајно корисно и здрава е во секое време од годината. Оваа диета е…

  • 9-дневна диета со која можете да намалите до 5 кг

    9-дневна диета со која можете да намалите до 5 кг

    Имате вишок килограми и потребна ви е помош за да ги намалите? Погледнете ја следнава диета… Оваа 9-дневна диета е составена од три периоди од…

  • Диета во која се вклучени само 10 намирници, а ветува намалување на 5 кг

    Диета во која се вклучени само 10 намирници, а ветува намалување на 5 кг

    Диетата со 10 намирници можете да ја држите 7 дена, но може и да ја повторите без прекини, односно да ја продолжите на 14 дена……

  • Диета 5-1-5-1-5

    Диета 5-1-5-1-5

    Под оваа шифра се крие формулата за виткост, здравје и добро расположение, а значи: 5 оброци на ден, во 1 оброк по 5 вида на…

  • Израелска диета

    Израелска диета

    Израелските диетолози сметаат дека не смее да се брза со губењето на килограмите. Според нив оптимална брзина за губењето на телесната тежина е 2-3 килограми…

  • Петдневна диета

    Петдневна диета

    Оваа диета претежно се состои од овошје и зеленчук. Таа трае 5 дена, после кои се потребни 2 дена одмор, односно нормално, но не претерано…

  • За 7 дена 7 кг помалку? Велат дека тоа е можно со КРАСТАВИЦА ДИЕТА

    За 7 дена 7 кг помалку? Велат дека тоа е можно со КРАСТАВИЦА ДИЕТА

    Покрај тоа што краставицата изобилува со хранливи материи како витамините Б, Ц и Е, калциум, цинк, магнезиум и влакна, таа има и детоксикациски својства. Редовното…

  • Диета со вилушка

    Диета со вилушка

    Оваа диета е мошне едноставна. Имајте обилен појадок, просечен ручек и лесна вечера, за која ќе јадете што сакате (секако во одредени граници) само доколку…