Владата денеска планира да се задолжи за 12,1 милион евра, преку две аукции на кои на домашните кредитори ќе им се понудат државни записи и државни обврзници.
Позјамените пари обезбедени преку државни запизи ќе се враќаат за шест месеци односно една година, додека парите обезбедени преку обврзница ќе се враќаат за две години.
За неделава нема најавено раздолжување.
Според најновите објавени податоци, јавниот долг достигна близу 4,7 милијарди евра или 50,6 отсто од БДП, што претставува рекордно измерено ниво на јавен долг.