20 април, 2024
ПочетнаКОЛУМНИTip of the week: Расправија

Tip of the week: Расправија

Untitled-1

Секојдневието ни е испреплетено со безброј случки, но ние би сакале поголемиот број од нив да се убави и да ни го развеселуваат денот, а многу мал дел од нив да нè растажуваат . Иако најмалку ги сакаме, но расправиите се дел од нашиот живот.

Со целото наше опкружување и начин на живот, караниците или расправиите стануваат сè почест дел од нашите живот и тие знаат да направат многу промени во него. Тие промени се најчесто неубави за сите коишто се вклучени во нив и можат да доведат понекогаш и до несакани последици.

Најчеста причина, а со тоа и крајна цел за расправиите/караниците се тоа да се докажеме кој е победник, а кој губитник. Слично како во војна. Но, од друга страна, пак, што е контрадикторно на претходно споменатото, најчесто расправиите се случуваат на места каде што делиме исти проблеми: училиште, работа, дома, пријатели, итн. На места каде што треба да најдеме решение на проблемот, а не да најдеме кој е во право, а кој не е во право! Затоа:

  • Слушајте – почнете да слушате што сака да каже другата страна и бидете подготвени да покажете дека сте ја разбрале. Не мора да се сложувате со сето она што ви го кажуваат, но разберете ја и послушајте ја другата страна. Така ќе ја разберете и суштината на проблемот.
  • Размислете за она што е кажано – зборовите имаат силно значење. Пред да кажете нешто, размислете два пати, но исто така, размислете и за тоа што ви кажала другата. Доколку е потребно, слободно побарајте време да размислите околу работите кои се кажани или направени.
  • Држете се на темата – најчесто при расправии знаеме да избегаме од темата и од една да прејдеме на друга. Со самото тоа само ја отежнувате ситуацијата и ако проблемот била една тема, сега веќе се повеќе теми.
  • Не одложувајте – секогаш кога има некој црн облак над нас, најчесто знаеме или да пробаме да го игнорираме или да го заборавиме. Немојте да ги одложувате работите и разговарајте за проблемот што е можно побргу.
  • Не ги обвинувајте другите – некако оваа навика ни е влезена во гените, па секогаш ни е некој друг крив, само не ние. Пробајте да се ставите во нивна кожа и да видите како и се чувствуваат тие.
  • Инволвираност на чувствата – што се однесува до вашите чувства, вие сте одговорни за нив, не некој друг. Пробајте да размислувате со трезвена глава, а чувствата оставете ги на страна.
  • Win/Win – при секоја расправија, пробајте да дојдете до ситуација каде што и двете страни ќе бидат задоволни. Знам дека е понекогаш и невозможно, но барем пробајте да успеете да ги приближите ставовите.

Независно од тоа што ќе имплементирате од погоре споменатото, кога влегувате во расправија, пробајте да бидете повнимателни и немојте да се фокусирате на тоа кој е крив, а кој не, туку како да ги решите работите!

 

Со успех во промените

Калин Бабушку

Член на тимот

МАКЕДОНИЈА-ЕКСПОРТ Консалтинг

www.macedonia-consulting.com

www.macedonia-export.com

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП