25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИталија на улиците: Нов силен земјотрес следен со послаби потреси

Италија на улиците: Нов силен земјотрес следен со послаби потреси

za

Силен земјотрес кој во неделата утрото ја погоди централна Италија предизвика паника поради тоа што траеше долго и масовно ги принуди населението да излезе на улиците, а дел од телефонските линии се во прекин.

Земјотресот бил со магнитуда од 6,5 степени по Рихтер според Европскиот-медитерански сеизмолошки центар EMSC, а Американскиот геофизички институт USGS ја ревидираше првичната магнитуда од 7,1 на 6,6 степени. Епицентарот е регистриран на длабочина од 10 километри, на 68 километри југоисточно од Перуџа, односно меѓу Перуџа и Мачерата во местото Норча.

Епицентарот на овој земјотрес е во истото место како и неодамнешните потреси до 26-ти октомври, меѓу градовите Норча, Пречи и Кастелсантанџело сул Нера.

Потресот во 7,41 часот се осети и на северот и на југот од Италија, како и во соседните земји Словенија, Хрватска и Босна и Херцеговина.

EMSC објави дека по главниот земјотрес во 7,41 часот во следните 30-ина минути следеа неколку земјотреси, исто така, во централна Италија со магнитуди меѓу 3,5 до 4,8 степени по Рихтер на длабочина од 10 до 13 километри.

Италијанската агенција Ansa наведува дека уште нема податоци за настрадани или штети.

Луѓето ширум Италија излегоа на улиците, вклучително и во главниот град Рим, оддалечен 132 километри од епицентарот, а особено страв владее во покраината Марка, којашто беше погодена од претходниот потрес во кој животот го загубија околу 300 луѓе.

Оваа област беше погодена од земјотреси и на 26-ти октомври, со магнитуди од 5,4 и 5,9 кога беше забележана една жртва од доживеан инфаркт. Од тогаш постојано беа регистрирани афтершокови со магнитуди до 5,0 според Рихтер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП