23 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИталија: Буџетот го диктираа мигрантската криза и земјотресите

Италија: Буџетот го диктираа мигрантската криза и земјотресите

Italijanska-zastava-600x330

Италија го извести Брисел дека нејзиниот буџет за 2017 година, со кој се кршат правилата на ЕУ, е резултат на мигрантската криза, обновата после земјотресите и помалиот од очекуваниот економски раст.

Во нацрт-буџетскиот план структурниот дефицит расте за 0,4 проценти на 1,6 проценти од бруто домашниот производ, наместо да биде намален за 0,6 проценти, што беше побарано од министрите за финансиси на ЕУ во јули.

Италијанскиот министер за финансии Пјер Карло Падоан во писмото испратено до Брисел изјави дека италијанската економија е соочена со тешки циклични услови, поради што е потребно да се преземат постепени подесувања со цел во 2019 година да се постигне избалансиран структурен буџет.

Тој не ја најави можноста за воведување на измени во предложениот буџет, кој парламентот би требало да го усвои до крајот на годината.

Европската комисија има право да го одбие буџетскиот план, но нејзината одлука не се очекува пред референдумот на 4-ти декември за уставните реформи кои ги предложи премиерот Матео Ренци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП