19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБританската економија го забави растот, но стапката останува над очекувањата

Британската економија го забави растот, но стапката останува над очекувањата

rast888

Британската економија расте со побрзо темпо од очекуваното во третиот квартал, а секторот на услуги обезбедува издржливост наспроти негативните последици од „Brexit“, соопштува Bloomberg.

Експанзијата во износ од 0,5% на квартална основа е над просечната прогноза за 0,3% за зголемување во анкетата на „Bloomberg“. Секторот на услуги расте со 0,8 отсто и ги компензира падови во градежништвото и индустријата.

Извештајот за БДП-то кој го покрива периодот од јули до септември, односно веднаш по референдумот на кој мнозинството Британци одлучија нивната земја да ја напушти Европската унија. Резултатот од гласањето доведе до политички хаос, нагло поевтинување на валутата и првото намалување на каматната стапка по седум години.

„Има малку докази за јасно изразен ефект непосредно по гласањето“, вели Џо Грајс, главен економист во Националната статистичка служба. Според него, растот на економијата оваа година ќе има темпо, слично на тоа во 2015-та година.

Експанзијата е побавна во споредба со 0,7 проценти во вториот квартал, но во практика го одбележува 15-тиот по ред квартал на раст. Само тројца од вкупно 50 анкетирани економисти прогнозирале коректно темпо. Сите останати очекувале пониска вредност. Англиската централна банка (ВоЕ), која минатиот месец ги ревидираше прогнозите, очекуваше 0,3% раст.

rast889

„Сметаме дека оваа вредност е доволно силна за да ги убеди „ВоЕ“ да се воздржи од олеснување на монетарната политика следната недела. Нема потреба од паника“, вели Алан Кларк, економист во „Scotiabank“ во Лондон.

Сепак економистите очекуваат да потрае подолго време, додека ефектите од „Brexit“ се јават во економијата. Анкетираните експерти сметаат дека британскиот БДП ќе се прошири со 1% следната година, што е половина помалку од предвиденото темпо за оваа година.

Податоците на националната статистичка служба го илустрираат дисбалансот во моделот на раст, а услугите додаваат 0,6 процентни поени кон растот на БДП-то. Од друга страна, индустријата и градежништвото бележат пад.

Финансискиот сектор има голем удел во услугите и неговата иднина може да биде изложена поради „Brexit“.

„Основите на британската економија се стабилни. Економијата ќе треба да се прилагоди на новите односи со ЕУ, но ние сме добро позиционирани за да се справиме со предизвиците“, рече министерот за финансии Филип Хамонд по објавувањето на податоците.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП