Еден од најдобрите фудбалери на денешницата, Кристијано Роналдо, говорел за ривалството со Лионел Меси, односот со навивачите, најнезгодните дефанзивци.
Лавина коментари предизвика реaкцијата на Роналдо, на натпреварот против Атлетик Билбао, во моментот кога Алваро Мората го постигна победничкиот гол за Реал. Португалецот по кој знае кој пат стана мета на негативни коментари по социјалните мрежи.
„Треба да се користат негативците и таквите искуства за дополнителна мотивација. Кога ќе размислам мене ми се потребни „хејтерите“, тие ми помогнаа да го постигнам сето ова“, рекол Роналдо во интревјуто за Coach Magazine.
Роналдо проговорил и за односот кој го има кон Лионел Меси, бидејќи тие двајца повторно се најсериозните кандидати за освојување на „Златната топка“.
„Не сум пријател со Меси, но меѓу нас постои големо почитување. Медиумите сакаат од нашиот однос да направат големо ривалство, но ние не сме тоа“.
Најдобриот стрелец на Реал открил во кој играч има голема доверба, а против кого му било најтешко да игра.
„Водев големи борби со Ешли Кол. Не ви дава мир ниту една секунда. Брз е и е цврст во дуелите, веднаш знаете дека против него нема да одиграте лесен натпревар. Од друга страна Пепе е некој со кого со задоволство би оделе во војна“, рекол Роналдо.
На крајот Роналдо рекол дека на почетокот на кариерата им се восхитувал на Луис Фиго и Руи Кошта, но дека секогаш се фокусирал да биде свој и да изгради свој стил.