29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо Белгија постигнат компромис за потпишување на СЕТА со Канада

Во Белгија постигнат компромис за потпишување на СЕТА со Канада

canda-eu-44

Белгискиот премиер Шарл Мишел објави дека е постигнат договор со белгиските региони и јазичните заедници што отвора пат за наскоро да биде потпишан договорот за слободна трговија помеѓу Европската унија (ЕУ) и Канада, пренесуваат светските агенции.

„Постигнавме договор. Текстот на договорот веднаш му беше испратен до Одборот на постојаните преставници на ЕУ“, изјавил Мишел по состанокот со претставниците на белгиските региони и јазични заедници.

Белгија е единствената земја од 28-те земји членки на ЕУ, која досега не даде согласност на потпишувањето на СЕТА, поради што беше откажан самитот ЕУ-Канада, предвиден за четврток, кога договорот требаше да биде потпишан.

Според белгиските системи, сојузната влада мора да добие согласност од сите федерални ентитети за потпишување на меѓународните договори, а франкофонскиот дел на земјата – Валонија, регионот на главниот град Брисел и француската јазична заедница досега одбија дадат согласност. Внатребелгискиот договор пак сега мора да добие согласност од сите земји членки за да се потпише договорот со Канада.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП