25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБугарија ќе и плати на Русија 600 милиони евра поради откажувањето на...

Бугарија ќе и плати на Русија 600 милиони евра поради откажувањето на плановите за изградба на нуклеарна електрана

bug-milioni-evra

Бугарските власти соопштија дека се согласуваат да и платат на Русија повеќе од 600 милиони евра отштета поради откажувањето на плановите за изградбата на нуклеарна електрана на Дунав, пренесуваат бугарските медиуми.

Бугарската национална електроенергетска компанија НЕК целосно ќе го исплати овој износ на рускиот нуклеарен гигант Атомстројекспорт до 25-ти декември, соопштило бугарското министерство за енергетика.

Меѓународниот арбитражен суд со седиште во Женева во јуни донесе пресуда дека НЕК треба да му плати на „Атомстројекспорт“ 601 милион евра, плус камата, за опремата којашто беше порачана за планираната електрична централна, односно два реактора со сила од две илјади мегавати, во Белене на Дунав.

Министерството додало дека Бугарија и Русија, исто така, се договориле Атомстројекспорт да се откаже од дел од каматата од 130 илјади евра дневно, доколку НЕК го исплати долгот пред 25-ти декември.

По влегувањето на Бугарија во ЕУ 2007-та година, земјата којашто порано беше најголем извозник на електрична енергија на Балканот, остана со два оперативни нуклеарни реактори со сила од илјада мегавати во нуклеарната електрана Козлодуј, којашто исто така се наоѓа на Дунав.

Министерството за енергтика соопштило дека конзорциумот, сочинет од руски Росенергоатом и француски ЕДФ, ја проучиле можноста за продолжување на работниот век од реакторот во Козлодуј за уште 30 години, односно до 2047-ма година. „Животниот век“ на вториот реактор во оваа нуклеарна централа, како што е предвидено, истекува до 2021-ва година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП