24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОпштина Центар ја промовираше новата Веб страна „Идеи за Центар“

Општина Центар ја промовираше новата Веб страна „Идеи за Центар“

idei

Општина Центар денеска ја промовираше новата интернет страница „Идеи за Центар“, место на кое секој граѓанин може да сподели свои идеи и директно да учествува во создавањето на уште поубав Центар.

„Граѓанската партиципација за нас е значајна и ова е нашиот најнов проект за да можат граѓаните да ја креираат нашата општина. Ние во општина Центар постојано се трудиме да бидеме во директен и конструктивен контакт со граѓаните со цел да ја развиваме општината според реалните потреби на жителите“, рече на прес конференција градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски.

„Со ова ќе ја доближиме општината до граѓаните особено до младите“, рече Емир Цориќ од Канцеларијата на млади на општина Центар, која и ја создаде страницата, со цел подобрување на животот во општината.

Секој посетител на страната ќе може да сподели своја лична идеја за поубав Центар, да гласа за веќе постоечки идеи или пак да дискутира за нив. Најдобрите идеи, избрани од посетителите на сајтот ќе бидат реализирани како проекти и ќе бидат финансирани и реализирани од општина Центар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП