28 март, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИXiaomi откри уред „без рамка“ (видео)

Xiaomi откри уред „без рамка“ (видео)

ramka33

Кинескиот производител на паметни телефони „Xiaomi“ го претстaви својот „Mi Mix“, „Android“ фаблет чија површина на диплеј зазема 91 oтсто од предниот дел на уредот.

Станува збор за уред кој има речиси невидлива рамка со оглед на незначителната дебелина која дава илузија на „осамен“ 6,4-инчен дисплеј. Фаблетот официјално ќе биде пуштен во продажба на 4-ти ноември, а цената ќе биде околу 460 евра.

Oстатокот од уредот е направен од керамика, вклучувајќи го и задниот дел и копчињата. Аглите се заоблени, а сите сензори кои инаку стојат на горниот дел на уредот се преместени на дното, вклучувајќи ја и предната камера.

„Mi Mix“ е опремен со процесорот „Snapdragon 821“, им 4 GB RAM и 128 GB интерна меморија. Исто така, за оние со подлабок џеб ќе можат да купат верзија со 6 GB RAM и 246 GB интерна меморија и детали од 18 каратно злато.

Во себе ќе имаат батерија од 4,400 mAh, a на задниот дел ќе биде опремена до 16-мегапискелна камера. Исто така ќе има и 3,5 милиметарски слот, скенер за отпечаток на прстот, додека на местото на класични ќе има звучници направени од метал.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП