29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТуск и Јункер сé уште се оптимисти околу потпишувањето на СЕТА со...

Туск и Јункер сé уште се оптимисти околу потпишувањето на СЕТА со Канада

6a6df61e-4d79-4a12-8793-1b15113f8ad0_preview

Претседателите на Европскиот совет и на Европската комисија (ЕК), Доналд Туск и Жан Клод Јункер, во средата изјавија дека сé уште е можно потпишување на договорот за слободна трговија (СЕТА) меѓу ЕУ и Канада, предвидено за четврток, а кое во моментов е блокирано од страна на белгиската покраина Валонија, пренесуваат светските агенции.

Во четврток во Брисел треба да се одржи самитот ЕУ-Канада, но тоа е доведено во прашање бидејќи Белгија сé уште не дала согласност за потпишувањето на договорот. Белгиската сојузна влада мора да добие согласност од сите федерални ентитети во земјата за да го потпише меѓународните договори, а на ова сé уште се противат претставниците на Валонија, регионот на главниот град Брисел и франкофонската заедница во Белгија.

„Сé уште се надевам дека Белгија ќе ја покаже својата умешност во постигнувањето компромис и дека наскоро ќе постигнеме договор“, рекол Туск во говор пред европратениците во Европскиот парламент во Стразбур. Туск предупредил дека неуспехот во ова би можел да има тешки последици на позицијата на Европа во светот, истакнувајќи дека Канада е „најевропската земја надвор од Европа и наш добар пријател и сојузник“.

И претседателот на ЕК, Жан-Клод Јункер изразил уверување дека е можно да се постигне договор и на тој начин да се отвори пат за потпишувањето на договорот во четврток. Белгискиот премиер Шарл Мишел од вторникот води интензивни преговори со франкофонските ентитети за постигнување на договор.

„Се надевам дека во текот на денот ќе биде постигнат договор меѓу белгиската и валонската влада и останатите делови од земјата“, рекол Јункер пред европските парламентарци. „Дали тоа ќе ни обезбеди до утре да го потпишеме договорот со Канада се уште не е јасно, но помалку е важно кога ќе се случи тоа, отколку тоа да се случи“, рекол Јункер.

Валонија се противи на СЕТА поради тоа што сака подобра заштита за своите земјоделски производи и исто така има примедби на прашањата околу арбитражата за решавање на инвестициските спорови, кои наместо на редовните судови во земјата ќе се препуштат на меѓународна арбитража, со што големите мултинационални компании можат да го заобиколат правосудниот систем и политичките одлуки на земјите во кои вложуваат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП