20 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИМобилниот сообраќај во светот ќе се зголеми 12 пати до 2021-ва

Мобилниот сообраќај во светот ќе се зголеми 12 пати до 2021-ва

sobrakaj-mobile3

Светскиот мобилен сообраќај ќе се зголеми 12 пати помеѓу 2015-та и 2021-ва година, изјави Марија Бура, шеф на одделот за стратегии, маркетинг и комуникации на „Ericsson“ за Југоисточна Европа, повикувајќи се на податоци од овогодинешниот „Ericsson Mobility Report“.

Извештајот покажува уште дека овој раст ќе се должи на две работи – поголемиот број мобилни претплати и се поголемиот обем на податоци кои ќе одговараат на индивидуалните корисници.

Така до 2021-ва година околу 90% од мобилниот сообраќај во светот ќе биде од паметните телефони.

Според „Ericsson“ има многу големи разлики во корисничкото користење на податоци помеѓу различните мрежи и на поединечните пазари. Факторите како плановите за податоци на можностите на самите кориснички уреди и претставувањето на мрежата влијаат на потрошувачката на индивидуалниот корисник. Дури и пренесувањето на нова верзија на истиот уред може да го зголеми користењето на податоци за 25 до 40%.

Северна Америка е регионот со најголема месечна потрошувачка на податоци на корисникот. Очекувањата на „Ericsson“ се дека овој тренд ќе се задржи и во наредните години. Во 2021-ва година месечно еден корисник на смартфон во регионот ќе користи 22GB податоци што ќе е 1,2 пати повеќе во однос на Западна Европа (18GB) и 3 пати повеќе во азиско-пацифичкиот регион (7GB).

Западна Европа ќе го преживее деветкратниот скок на месечната потрошувачка на податоци преку смартфон на корисник меѓу 2015-та и 2021-ва година. А поради растот на бројот на прилозите и поради големото население, азиско-пацифичкиот регион ќе има најголем удел од светскиот сообраќај преку смартфон во 2021-ва година. Само во Кина ќе бидат додадени 210 милиони мобилни претплати помеѓу крајот на 2015-та година и 2021-ва година.

Се поголемото користење на паметните телефони и поврзаните уреди претпоставува огромен раст на сообраќајот на податоци, а тоа ќе бара изградба на подобри и отпорни мрежи, коментира уште Марија Бура. Според нејзината изјава „нешто што може да биде поврзано, ќе биде сврзано. Секој ресурс кој може да се дели, ќе биде заеднички, а секоја идеја која може да биде тестирана, ќе биде тестирана“. Ова укажува на огромен број на врски помеѓу различни уреди и создавање на мрежа која да биде доволно флексибилна и адаптибилна, за да одговори на очекувањата на корисниците.

Ни претстои да ја видиме вистинската „мрежа на мрежите“, која ќе биде доволно паметна да го знае тоа што ни треба. Таа ќе биде доволно динамична и безбедна, но и исклучително интелигентна, сумираше Марија Бура.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП