20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКрај на 15-годишната успешна серија на Apple

Крај на 15-годишната успешна серија на Apple

Earns Apple

„Apple“ објави прв пад во продажбата на годишна основа од 2001-ва година. Технолошката компанија соопшти вчера дека годишната продажба се намалила до 216 милијарди долари за фискалната година што завршува на 30-ти септември, во однос на 234 милијарди долари за 2015-та година.

Падот е тесно поврзан со намалувањето на продажбата на „iPhone“, кој останува најголем извор на приходи за компанијата. „Apple“ продаде 45.5 милиони смартфони „iPhone“ во последниот квартал наспроти 48 милиони примероци за пред една година. Со тоа компанијата предвиде трет квартал во кој продажбата на „iPhone“, како и вкупните приходи предвидоа пад во однос на истиот период од пред една година.

Продажбата на „Apple“ во Кина во последната година се намали за 30%, откако компанијата имаше сериозна конкуренција од локалните производители, како „Xiaomi“ и „Huawei“. Сепак, ова може да се промени во следните месеци.

Главниот извршен директор на „Apple“, Тим Кук изјави дека е прилично оптимист за пазарот во Кина. Кук изјави исто така дека побарувачката на новите модели на „iPhone“, особено „iPhone 7 Plus“, е повисока од очекувањата на компанијата. „Apple“ очекува за овој квартал продажба во опсег од 76 до 78 милијарди долари наспроти 74.8 милијарди долари за последните три месеци на 2015-та година типично за компанијата е дека токму овој квартал е најсилниот, главно поради божиќните и новогодишните празници.

Резултатите на компанијата очигледно не ги издрадуваа инвеститорите, откако акциите на „Apple“ се намалија со 2.79% во последната берзанска трговија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП