29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАУСАИД им помага на микро и малите бизниси да растат и да...

УСАИД им помага на микро и малите бизниси да растат и да се прошират на нови пазари

aaa

Проектот на УСАИД за микро и мали претпријатија, кофинансиран од Владата на Швајцарија, имплементиран од ЦЕЕД Македонија, вчера додели 110 сертификати на претприемачи за успешно завршени претприемачки програми.

Заменик шефот на мисијата на Амбасадата на САД во Р. Македонија, г-ѓа Микаела Швајцер – Блум, им честиташе на овогодишните учесници во Проектот и изјави: “САД ја разбираат важноста на поддршка на развојот на малите бизниси, особено во тешки економски времиња. Денешната бизнис средина е динамична; успехот денес брзо може да се претвори во неуспех утре. Затоа сопствениците на малите бизнис мора да користат иновативни алатки и методи стратешки да ја задржат конкурентската предност. Овој Проект го јакне капацитетот на сопствениците на малите бизниси за да се одржи растот на бизнисот преку обуки и консултантски услуги од областа на претприемништвото и бизнис стратегија. Задоволна сум што гледам толку многу ентузијасти професионалци кои сакаат да го прошират своето знаење и желни се да истражуваат нови можности за раст на бизнисот. Иницијативи како оваа не само што ќе доведат до зголемување на профитот и раст на малите бизниси, туку ќе придонесат за остварување на одржливи приходи и стабилна работа за многу невработени Македонци.”

aaa

Заменик шефот на мисијата на Амбасадата на Швајцарија во Р. Македонија, г. Стефан Томаџан изјави: “Инвестирањето во развојот на работната сила е еден од клучните фактори за успех и бизнисите го препознаваат тоа. Со Проектот за микро и мали претпријатија, споделивме знаење преку искусни ментори и професионалци во сите региони во земјава, близу местото на живеење и работа на претприемачите, што е од голема важност поради брзото темпо на живот што го водиме денес.”

aab

Започнат од УСАИД во јули 2011 година, сега кофинансиран од Владата на Швајцарија, Проектот за микро и мали претпријатија, во вредност од 3,079,400 милиони долари е петгодишен проект за поддршка на микро и мали бизниси преку тренинг, вмрежување, менторство, консалтинг, поддршка на извозот и пристап до инвестициски фонд. Активностите на проектот се имплементираат во осум региони, на целата територија на Македонија. ЦЕЕД Македонија е имплементатор на Проектот и е една од институциите во наследство на УСАИД.

aac

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП