24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРоманија укина 100 даноци

Романија укина 100 даноци

brasov-romania

Романскиот парламент го усвои вчера законот со кој се укинуваат повеќе од 100 помали даноци, што на годишно ниво буџетот ќе го чини 1,6 милијарди леи (387,4 милиони долари), јавува агенцијата Ројтерс.

Со најновиот закон се укинува мноштвото мали даноци, како што е таксата за регистрација на стопански субјекти, надоместокот за издавање на привремен пасош, еколошката такса за регистрација на возила и низа други даноци.

Законот, како што наведува Ројтерс, е усвоен без проценка на неговите ефекти, а законодавците не прецизираа како ќе ја финансираат споменатата мерка.

Европската комисија и Меѓународниот монетарен фонд во повеќе наврати предупредија дека буџетскиот дефицит на Романија наредната година ќе го надмине лимитот на ЕУ од 3,0 проценти од БДП.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП