24 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗMercedes освојува нова територија: Пристигнува луксузен пик-ап (фото+видео)

Mercedes освојува нова територија: Пристигнува луксузен пик-ап (фото+видео)

pick-up-mece-00

Компанијата „Mercedes-Benz“ официјално претстави прототип на својот прв пик-ап со средни димензии. Моделот го доби името „X-Class“, а презентацијата се одржа на специјален настан во Стокхолм (Шведска).

Mercedes-Benz Concept X-CLASS stylish explorer – Exterieur, Weißmetallic ; Mercedes-Benz Concept X-CLASS stylish explorer – Exterior, White metallic;

Како што се знае од порано, моделот ќе се потпира на дел од агрегатите и компонентите на „Nissan Navara“ чија платформа ја користи. Топ-верзијата на пик-апот сепак ќе биде опремен со 3.0-литарски дизел „V6“, поставен и на сегашните теренци на германскиот производител.

pick-up-mece-04

Најверојатно станува збор за мотор со 258 КС. За оваа верзија се предвидени уште систем за погон на четири тркала, како и со блокада на централниот и на задниот диференцијал.

pick-up-mece-05

Моделот на Германците ќе може да носи товар од 1,1 тони, а максималната маса на повлекување ќе изнесува околу 3,5 тони. Пик-апот ќе излезе на пазарот во две варијанти – „stylish explorer“ и „powerful adventurer“. Првиот е во бела боја и е опремен со 22-инчни тркала, со интегрирани прагови во каросеријата, „LED“ осветлување на товарниот простор, со седишта со природна кожа и со дрвени елементи во ентериерот.

pick-up-mece-01

Вториот теренец добил заштита на долниот дел на каросеријата, која е од карбон. Оваа верзија на „X-Class“ е жолто-зелена боја. Во опремата и на двете модификации влегуваат мултимедијален систем со интегрирана „SIM“-картичка, систем за далечинско следење на возилото со помош на апликација на смартфонот, дополнителни асистенти за безбедност кои работат со камери, радари и сензори.

pick-up-mece-02

Продажбата на пик-апот стартуваат во пролетта 2017-та година, а неговото производство ќе се одвива во фабриката на „Nissan“ во Барселона, како и во таа на „Renault“ во Аргентина. Главните пазари на „X-Class“ ќе бидат Европа, Бразил, Аргентина, Австралија и Јужна Африка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП