25 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАТанчери со Даунов Синдром ја претставија Македонија на Светско првенство за танци!(фото)

Танчери со Даунов Синдром ја претставија Македонија на Светско првенство за танци!(фото)

ds

Минатата недела во Грац, лицата со Даунов Синдром од танцовото студио Данцерс Унитед МК ја претставија Македонија на Светското првенство за модерни танци и го освоија шестото место. Со шармот и емоцијата која ја шират овие лица и преку одличната кореографија успеаа да ја кренат целата публика на нозе.

Танчерите со Даунов Синдром се натпреваруваа самостојно, без придружба на тренер или танчери со типичен развој. Иако може да биде искористено правото на 50/50, односно можност за инклузија со подеднаков број на танчери со попреченост и танчери со типичен развој. Дури и во моментот кога поради недоразбирање требаше да танцуваат на погрешна музика, тие изиграа и се покажаа како вистински професионалци.

daa

Поради недоразбирањето кое настана, од страна на организаторите на првенството и Федерацијата им беше дозволено да настапат и ревијално, каде го покажаа сето она што го имаа вежбано. На видеото кое што го имаме, многу добро може да се забележи како целата публика која веќе излегуваше од трибините буквално се врати назад за уште еднаш во цел глас ги поддржи и го догледа до крај нивниот настап. Беа пресреќни. Сите им го честитаа постигнатиот ефект и срцата ни беа полни бидејќи добивме честитки и признанија од сите други земји учеснички.

Данцерс Унитед МК е социјално одговорна фирма и како таква постои како единствено студио во Македонија кое спроведува адаптирана танцова програма наменета за лица со Даунов Синдром, во консултација со дефектолози, со што го отвораат патот за поголема социјална инклузија на овие лица општеството во кое живееме. Со три годишното искуство кое го има овој тим предводен од инструкторите Сара Кочан и Нермин Кочан,  докажаа дека умеат многу и ги срушија сите предрасуди кои постојат за овие лица.

dbb

Клубот е лоциран во ТЦ Лептокарија, во населбата Карпош 3 и во својата дејност опфаќа програми за деца и возрасни, преку часови за латино- американски и карипски танци, латино, фитнес програми, класичен и модерен балет, хип- хоп и програма наменета за Лица со посебни потреби.

Во нашиот клуб имаме 13 активни танчери со Даунов Синдром, а 7 од нив учествуваа на Светското првенство за модерни танци. За сите учесници ние бевме моралните победници на тој натпревар. Искуството кое го стекнавме во Грац ќе ни биде само дополнителен мотив за следната година да се претставиме уште подобро.

dcc

Танчерите со Даунов Синдром се државни прваци во соло категории, група и формација минатите две години, т.е. 2015 и 2016 година. До сега танцуваа рамо до рамо со танчери со Даунов Синдром од две танцови компании од Англија. Учествуваат и во инклузивни фестивали организирани од Данцерс Унитед МК, како и на фестивал организиран од Британската Амбасада во Македонија, во мај 2016 година. Тие позади себе имаат и низа успешни настапи на концерти и други јавни настапи пред поголема публика.

dd

dff

dgg

djj

dkk

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП